Започна штрајкот организиран од СОНК
Преговорите кои една година безуспешно се водат помеѓу Владата и Синдикатот за образование, наука и култура денес кулминира со генерален штрајк.
Во ОУ „Христо Узунов“ се опремува кабинетот за дефектологот
Во ОУ „Христо Узунов“ го опремуваме кабинетот за дефектологот во кој ќе учат децата кои имаат пречки во својот развој. Ова е една голема придобивка и за децата и за училиштето, вели директорот Тони Симоноски. Покрај новиот кабинет, во училиштето се направени поголем број зафати со кои се подобрија условите за учење и престој на учениците.
Салата „Билјанини извори“ безбедна за навивачите
Црвениот крст во соработка со ЈП „Билјанини извори“ организира показна вежба на евакуација од спортската сала според евакуационен план и одредено сценарио.
Кои професии најмногу дебелеат?
Седењето на биро цел ден не придонесува за совршена фигура на административните асистенти, вели едно истражување. Но, тие не се единствените кои добиваат килограм плус на работа.
Граѓаните реагираат дека премногу лесно се издаваат дозволи за сечење дрва
Се почесто се уништуваат и сечат дрва само поради тоа што на поединци му го кријат видикот. Од Локалната самоуправа – велат се даваат дозволи за сечење само за стари и исушени дрва.
Томи Стефановски со триумф на Охридскиот маратон се збогува со пливањето
Ветеранот Томи Стефановски триумфираше на 30-от, јубилеен Охридски пливачки маратон. Легендата на македонското маратонскоо пливање со денешната победа на најдобар можен начин, стави крај на својата спортска кариера. Стефановски и минатогодишниот победник Евгениј Поп Ацев во возбудлив фото финиш поминаа на целта но Поп Ацев поради грешка мораше да се врати во водите на езерото и регуларно да ја доплива патеката со што го загуби второто место. Украинката Олга Козидук победи во женска конкуренција.
Охридската ВМРО- народна партија реагира поради неизгласувањето на Законот за бранители од страна на парламентот
Оpштинскиот комитет на ВМРО- НП во целост го подржува донесувањето на Законот и не може да најде оправдување за ваквиот исход од парламентарната дебата.
„Стариот“ театар вечерва ја чека својата публика
Со изведба на фрагменти од повеќе претстави на Македонскиот народен театар, во петок, министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, ќе ја отвори новата театарска зграда на објектот „Стар театар”.
Лазе и Трајанка Германоски брачен пар со најдолг стаж
По повод неделата на старите лица Црвениот крст од Охрид избра пар со најдолг брачен стаж, најстар активист на оваа организација како и најстар жител на Охрид.