Ное 1, 2024
МВР предупредува на измами со кои се крадат лични податоци
Граѓаните добиваат пораки наводно испратени од директорот на Бирото за јавна безбедност или министерот за внатрешни работи, во кои им се соопштува дека се под истрага за ивршени кривични дела и дека е потребно да се регистрираат преку електронска пошта и да ги достават своите лични податоци. Тие електронски пораки се обид за измама со цел прибирање лични податоци за нивна понатамошна злоупотреба.
Ное 1, 2024
СВР Охрид
СВР Охрид: опожарена езерска трска во близина на Пештани
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.
Ное 1, 2024
Денес ќе се одржи базарот „Боите на Струга – култури кои се среќаваат“
Езерскиот базар ќе се одржи од 11 до 14 часот.
Ное 1, 2024
Денес ќе се одржи хуманитарна театарска претстава за помош на настраданите во поплавите во Јабланица и Коњиц
Претставата со наслов „ЦВЕТОТ НА ВЉУБЕНАТА ПЧЕЛА“ ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 13 ч.
Ное 1, 2024
Времето денес променливо облачно со сончеви периоди и температури до 17 степени Целзиусови
Во Охрид температурите ќе се движат од 5 до 17 степени Целзиусови.
Окт 31, 2024
Во сабота почнуваат активностите за изградба на автопатот Прилеп – Битола
Автопатот ќе биде модерен со вкупно шест ленти, со по три ленти од двете страни и помошен алтернативен пат.
Окт 31, 2024
Китески: На следниот владин повик ќе аплицираме со проектот за искористување на Свинишки извори
Советниците на денешната седница изгласаа измени и дополнувањата на развојната и годишната програма за уредување на градежното земјиште и беше извршена алокација на средства во буџетот за 2024 година. Целта е да се предвидат средствата во буџетот и да почнат постапки за избор на изведувачи за проектите кои и беа одобрени на општината на повикот од владата за реализација на капитални проекти со државна помош. На забелешка дека се аплицирало со малу прокети кои моше сама општината да ги реализира, секлретарот одговори дека секој прокет е важен за подобрување на животот на граѓаните и додаде дека веќе на наредниот повик ќе се аплицира со проектот за искористување на Свинишките извори.
Окт 31, 2024
Општина Охрид парично ќе награди пожарникари и членови на доброволни ПП друштва кои секојдневно се бореа со пожарите
Пожарникарите кои во критичниот период кога Охридскиот регион летово беше зафатен од неколку големи пожари беа постојано на терен во борба со огнената стихија, општината парично ќе ги награди. На предлог на командирот на Територијалната противпожарна единица на списокот за награда се 19 пожарникари и неколку членови на две доброволни противпожарни друштва. По оваа точка на денешната седница на совет се разви бурна дискусија. Од говорницата беше побарано да бидат наградени сите пожарникари, да се наградат и вработените во јавните претпријатија кои беа ангажирани за помош во гасењето на пожарите како и доброволци.
Окт 31, 2024
ЈП Водовод – Охрид
Без вода корисниците од крајбрежниот дел на населбата Рача до хотел Парк
Поради интервенција на водоводната мрежа, денес од 11:00 часот, 2 часа без вода ќе бидат корисниците од крајбрежниот дел на населбата Рача до хотел Парк, информираат од ЈП Водовод – Охрид.