Детската градинака „Јaсна Ристеска“ денес го слави 45-тиот роденден
Од формирањето до денес, установата бележи успех, за тоа говори големиот интерес на родителите за упис на своите деца. По повод јубилејот- децата приредија разни содржини за кои се подготвуваа подолг период.
Граѓаните се ЗА пешачка патека, но не по цена на зеленилото
Не стивнуваат реакциите на граѓаните за дрвата кои се сечат на потегот од бараките на АД „Трудбеник“ до „Билјанини извори“ каде е предвидено да се прави пешачка и велосипедска патека. Тие велат дека наголемо се уништува зеленилото во градов. Од Локалната самоуправа смируваат дека дрвата кои се сечат се оние кои биле стари и трули, а брезите и врбите кои се дел од дрворедот на овој потег ќе останат и понатаму.
Рекации од кабинетот на Петрески
На прес конференција се огласија портпаролот на градоначалникот и претседателот на совет.
Уапсен е човекот кој го фрли глобалниот финансиски систем на колена
Најголемата вина за колапсот е припишана на само еден човек
СВР Охрид, денес го промовира „Оделението за превенција“
Tоа ќе потпомага за зголемување на безбедноста на граѓаните во местото каде живеат. Од СВр очекуваат позитивни ефекти од функционирањето на одделението.
Квартетот Хеншел вечерва на Охридско лето
Eден од најпознатите и најквалитетните гудачки квартети на денешнината, квартетот Хеншел, вечерва на Охридско лето. Концерт е во рамките на традиционалната вечер на Европската унија, а покрај квартетот ќе настапи и нашата позната пијанистка, Нина Костова.
Писателот Eсад Бајрам – Македонскиот Чехов
Најновото литератуерно дело на писателот Есад Бајрам е насловено како „Исповед на поетот “. Станува збор за колумни кои биле објавувани во текот на три години во неколку македонски дневни весници.
Куче за домашен миленик = мир и спокојство
Сопствениците на кучињата самите ги имаат искусено придобивките од чување на куче – од мирна и спокојна состојба, до одлични здравствени придобивки.
Зоран Заев денес во Охрид
Сдсм активно се подготвува за наредните локални избори. Нејзиниот претседател не сакаше да открие имиња на можни кандидати за идниот охридски градоначалник, но рече дека се работи за квалитетни личности со богата политичка позадина.