Граѓаните реагираат дека одделни делови од градот воопшто не се средуваат
Просторот кај спортскиот рекреативен центар Билјанини извори месеци наназад е целосно запуштен и обраснат со трње.
СK Охрид организира меѓународен турнир во спортско стрелаштво
Стрелачкиот клуб Охрид организира меѓународен турнир во спортско стрелаштво. Тој е традиционален и е посветен на големиот празник Илинден. На денешниот турнир учество зедоа клубови од Прилеп, Скопје и Велес како и клубови од Врање и Благоевград. Не дојдоа само преставници од македонската стрелачка федерација.
Хациенди со базени, странци ќе градат на локации кај Горица и Пештани
Наскоро во Охрид се очекува странци да градат луксузни куќи во две елитни населби, во Горица и пред Пештани.
„Сонети“ од Шекспир во рамки на Младо театарско Охридско лето
Ансамблот на Народен театар, Битола утре 31. јули на сцената во предворјето на црквата Св Софија ќе ја изведе претставата „Сонети“од Вилијам Шекспир во режија на Анегелчо Илиевски и Јован Ристовски. Да се работи текст на Вилијам Шекспир е во исто време и предизвик и задоволство, но кога станува збор за неговите Сонети, тоа е многу повеќе и од предизвик и од задоволство, да навлегуваш во најинтимните делови и на авторот и на себеси,вели младиот режисер Илиевски.
Бројот на нарко зависниците во Охрид постојано расте, а старосната граница се намалува
Заложници на дрогата стануваат десетгодишни деца. Со цел да се стави бариера на нејзиниот прогрес, МВР заедно со Црвениот крст од Охрид организираа предавања по основните училишта во градов.
Пожар во авион со политичари од Босна и Херцеговина
Авион на лет од Вашингтон кон Виена поради пожар се вратил на аеродромот
Огромен интересот за бесплатното вакцинирање на девојчињата против хуман папилома вирусот
Во заводите за здравствена заштита и во гинеколошките ординации започна да се спроведува вакцинирањето против хуман папилома вирусот, за девојчињата на возарст од 9 до 15 години.
Устијаноски: Педалинките опасни, потребна е законска рамка за нивна контрола
Педалинките да се стават во законска рамка за да можат да се контролираат и да се надмине горливиот проблем околу овие реквизити. Вакви се размислувањата на Капетанот на Капетанија на Пристаништа на РМ Горан Устијаноски. Плажите се преплавени од педалинки. Овие реквизити за забава на вода се опасни, а поголем број од нив и технички неисправни. Од Капетанија велат дека најголем број незгоди во Охридскот Езеро се случуваат токму на педалинките.
Македонија во ЕУ- Одредница за Европа, е насловена Меѓународната конференција која викендов се одржува во Охрид
Каде се наоѓа нашата земја на патот кон европската унија- е една од темите на кои се разговараше од страна на присутните. Конференцијата е во организација на македонската Паневропска унија.