Вмро – Дпмне покрај градоначалникот, го прозва и директорот на Комуналец
Неодамна, донесениот Закон за јавна чистота и неговата примена во градов беше темата на денешната прес конференција на Вмро – Дпмне.
Танески: Свлечиштето во Даљан ќе се санира после летната сезона
Летната сезона го пролонгира рокот за градежни зафати во населба Даљан. Таму пред шест месеци настана сериозно оштетување на патот како последица на надојдената вода од реката Даљан. Надлежните велат ако сега се влезе со обемни градежни активности, пристапот до комерцијалните објекти кои се наоѓаат тука целосно ќе биде отежнат.
Започна Регионална конференција за Европска безбедносна одбранбена политика
Во Охрид, денеска почна дводневна Регионална конференција за Европска безбедносна одбранбена политика. Оваа конференција, е прва од ваков вид во регионот.
„Пекол“ на Земјата
Сте се запрашале ли некогаш кое е најнегостољубивото место на нашата планета? Претпоставувате се наоѓа во Африка.
Осум икони од охридската Галерија патуваат во Лондон
По 50 години, во Велика Британија ќе се одржи изложба посветена на Визнатиската уметност.
Старата турска чаршија, магнет за гостите кои доаѓаат во Охрид
Едно катче во Охрид речиси да нема турист кој не го посетил, а посебно оние од странство. Тоа е старата турска чаршија. Таа со својата автентичност, убави мириси на ќебапи и други национални и ориентални јадења ги мами гостите на гастрономско ужување. За љубителите на благо има баклава, а оние кои сакаат чај можат да го пробаат подготвен по оригинален турски рецепт. Сопствениците на објектите велат дека добар квалитет, добра услуга, а пристапни цени е вистинската формула за успех.
Здружението на новинари одржа комеморативна седница
„Охридската медиумска заедница изгуби двајца свои музички работници кои со својата креативност создаваа музика која ги правеше охриѓани посреќни“, беше речено на денешната комеморативна седница.
Суспендирањето на слободниот визен режим за Македонија сеуште актуелно
Иако бројот на македонски баратели на азил во Германија е намален, суспендирањето на слободниот визен режим е актуелно, особено по писмото до Даблин на министрите на Германија, Австрија, Холандија и Велика Британија, информира Дојче Веле.
Две жртви во сообраќајна незгода
Во тешка сообраќајна незгода која се случи на магистралниот пат Охрид- Ресен животот го загубија двајца млади охриѓани. Службите од Свр Охрид ги испитуваат причините поради кои дошло до несреќата.