Охридски комуналец ја чистеше алгата која ја исфрли езерото
Поради високиот водостој на езерото големи количини на езерска алга (окрек и реса) беа исфрлени на градскиот кеј, при што екипите на “Ј.П. Охридски Комуналец” работеа на расчистување на истото на потегот од градското пристаниште, се до хотелот “Милениум”, а останатото кое пливаше во езерските води исто така беше извадено и собрано од страна на вработените на “Јавна хигиена”.
Министерка, стоматолог и модел
Новиот претседател на Венецуела, Николас Мадуро ги претстави членовите на својот кабинет, но најмногу внимание привлече министерката за спорт Алесандра Бенитез и тоа не поради политичките ставови, туку поради убавината и голотијата.
Граѓаните да побараат оштета од ЕВН Македонија
Дефект на нисконапонска кабелска мрежа предизвика прекин на снабдувањето со електрична енергија во станбена зграда на булевар „Туристичка“, во Охрид. Тоа се случило утрово некаде околу 10 часот а станарите вознемирено ги напуштиле становите. Некои од нив се пожалија дека им прегореле дел од електричните уреди во нивниот дом.
Украдени икони стари пет века
Икони стари по 500 години кои се украдени од храмот св. Георгиј во Лазарополе.
Ќе се избира сувенир на Охрид
Охрид ќе добие свој афтентичен сувенир. Локалната објави Конкурс за избор на „Сувенир на град Охрид“. Кој треба да ги содржи елементите на препознатливост и да ја отсликува традицијата, автентичната природа и културата на градот. Наградата за најдобро решение за „Сувенир на град Охрид“ е една и изнесува 30.000 денари.
Локалната од Струга 6 години без статут
Поставувањето на новите билборди низ градов предизвика проблеми
Поставувањето на новите билборди низ градов ги вознемири граѓаните. Дел од нив реагираат дека локациите не се соодветни и дека новите билборди посебно на Булевар Туристичка ќе ги затскријат рекламите и излозите на дуќаните, а ќе ја доведат во прашање и безбедноста на пешаците. Од Локаланата тврдат дека поставувањето на новите билборди е планско и според претходно утврдена програма.
Бекам пати од астма од својата десетта година
Дејвид Бекам страда од умерена форма на астма уште од детски години, соопшти портпаролот на англиската фудбалска ѕвезда.
Тепачка на булеварот „Македонски Просветители“
На 30-ти јули 2021 година, во 01:15 часот, нарушен е јавниот ред и мир во Трговски центар лоциран на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид.