Ное 27, 2024
ухмр
Денес времето ќе биде сончево со мала локална облачност
Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од -2 до 12 степени.
Ное 26, 2024
општина охрид
Вонредно свикана 49. седница на Советот на Општина Охрид
Претседателот на Советот Перчо Божиновски донесе решение да ја свика 49. вонредна седница на Советот на Општина Охрид за утре, 27.11.2024 година (среда) со почеток во 12.00 часот.
Ное 26, 2024
Верниците и свештениците се простуваат со Владиката Тимотеј
Верниците и свештениците се простуваат со митрополитот Дебрако кичевски Владиката Тимотеј. Света архиерејска литургија од утрово има во манастирот на Плаошник во Охрид.. Секој момент се чека одлуката на Синодот за погребението, кое извесно е дека ќе се случи во четврток во манастирскиот комплекс на Плаошник, кога се очекува да присуствува целиот црковно државен врв од земјава.
Ное 26, 2024
Царинска управа
Откриени непријавени 569 производи вредни околу 10 000 евра во царинската испостава Струга
Во текот на изминатата недела мобилни тимови и царински службеници на граничните премини спречија обиди за криумчарење на поголема количина облека, цигари, нови екрани за мобилни телефони, но и употребувани хардверски делови.
Ное 26, 2024
општина дебрца
Во Дебрца доставени канти за одпад од страна на Министерство за животна средина и просторно планирање
Набавените канти ќе бидат распоредени на територија на општината каде се вршат активности за собирање на комунален одпад и истите ќе бидат во функција на жителите на општината.
Ное 26, 2024
општина дебрца
Привршува доизградбата на канализациониот систем во село Мешеишта
Во село Мешеишта се привршува со доизградбата на канализациониот систем, во деловите/улиците кои не беа опфатени со првичниот проект од пред неколку години.
Ное 26, 2024
Писмо со сочувство по повод смртта на митрополитот Дебарско – кичевски, г.г. Тимотеј
Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков упати писмо со сочувство до Синодот на Македонската Православна Црква- Охридска архиепископија и до правосвештенството, а по повод смртта на митрополитот Дебарско – кичевски, г.г. Тимотеј кој ја обавуваше и функцијата портпарол на МПЦ.
Ное 26, 2024
општина охрид
Исчистено дното на езерото пред Трпејца
Целта на акцијата е подигање на јавната свест на населението за заштита на Охридското Езеро.
Ное 26, 2024
јп водовод – охрид
Дефект на водоводната мрежа во населбите Видобишта, Црногорци, С.Велгошти, С.Лескоец и с.Лакочереј
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.