Skip to main content
Окт 22, 2024
Во втората книга „За Македонистиката отворено“ на 480 страници се опфатени 28 радио разговори за Македонскиот јазик и литература, за кодификациските фази на јазикот, за неговата граматика, за делата на Свети Климент и Наум Охридски, за делата на Мисирков, Прличев, Конески, Шопов, Рацин, за низа лингвистички теории.

Окт 22, 2024
Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид одбележува 15 години од основањето со добивање акредитација за воведување докторски студии по комјутерски науки и инженерство. Денеска во просториите на универзитетот се одржа свеченост по повод јубилејот и патрониот празник. Се навраќаме во минатото да ги согледаме нашите минати успеси, да ги прославиме, но и да гледаме во иднината да си дадеме нови ветувања, да си поставиме нови цели, истакна во своето обраќање ректорот Проф. д-р Иван Бимбиловски.

Окт 22, 2024
На 16. самит на БРИКС кој се одржува во Казан, се очекува да присуствуваат вкупно 32 странски делегации од целиот свет, од кои 24 на ниво на шефови на држави и влади, вклучително и сите девет членки на БРИКС досега, како и бројни други земји заинтересирани за членство, вклучително и со Турција за прв пат земја членка на НАТО.

Окт 22, 2024
Најавените туристи од европските земји ќе го зголемат туристичкиот приход и ќе ја раздвижат локалната економија. На Балканска тура, на која ќе одат Французи, Германци и Англичани се очекува гостите да трошат од 30 до 50 милиони евра годишно во Скопје и Охрид, а сегашниот број на туристите во нашата земја ќе се зголеми за 10 до 15%.

Окт 22, 2024
Три члена екипа од ПСС при Црвен крст Охрид и водич на куче за пребарување од здружението „Куче Спасител“ од Охрид, во координација со Струшката полиција, од утрово се на терен во обид да се лоцира исчезнатото лице.

Окт 22, 2024
Ј.П. ,,Охридски Комуналец”
Граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 18.10.2024 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.

Окт 22, 2024
Настанот ќе се одржи во 12.00 часот, во амфитеатарот на Универзитетот, каде што ќе се прослават достигнувањата на оваа високо-образовна и научна институција.

Окт 22, 2024
центар за култура охрид
Претставата започнува во 20.00 часот, цената на билетот е 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и од 13:00-20:00 часот на денот на изведба на претставата.

Окт 22, 2024
Одлични резултати на охридските стрелци на третиот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма.