На охридско- струшката ревиера има ексклузивни ресторани ама со лоша гастрономска понуда
На охридско- струшката ревиера има ексклузивни ресторани ама со лоша гастрономска понуда .
Спорот за името повторно на маса
Ден по изборите,на 8 и 9 април ќе се случи нова средба на преговарачите Јолевски и Василакис, кои треба да дојдат до конкретна завршница на долгогодишниот спор за името.
Настрадаа новите автобуски постојки
Новите автобуски постојки ишкртани и испишани со разноразни графити. Уште еднаш се покажа негрижата на охриѓани кон јавните добра. Од ЈП „Градски пазар“ уште во текот на оваа недела ќе започнат со отстранување на графитите, но тоа нема да помогне ако граѓаните и понатаму се однесуваат вандалски и ги уништуваат, велат од општината.
За твојата иднина
Булеварот „Туристичка“ речиси секој ден е запоседнат со туристички автобуси
Булеварот „Туристичка“ речиси секој ден е запоседнат со туристички автобуси кои неправилно се паркираат. Со тоа не само што се отежнува одвивањето на сообраќајот на нашата најголема сообраќајница, туку и пешаците се доведени во опасност. Од СВР велат дека го имаат детектирано овој проблем, па затоа сообраќајната полиција ќе биде поприсутна на овој потег.
Ф1 рекапитулација
По освојувањето на титулата од страна на Џенсон Батон, на патеката ќе имат четири светски шампиони, заедно со Алонсо, Раиконен и Хамилтон.
„Танец“ и „Ладо“ вечерва на „Охридско лето“
Фестивалот „Охридско лето“ вечерва организира хуманитарен концерт со ансамблите на народни игри и песни „Танец“ од Македонија и „Ладо“ од Хрватска. Концертот ќе се одржи на Античкиот театар со почеток во 22 часот.
Санирани ударните дупки на неколку улици, ул.„Егејска“-недовршена
Деновиве надлежните служби од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици извршија асфалтирање на повеќе локации на оваа улица и повеќе други локации каде биле извршени санации со бекатон плочки.
Горивата со нови цени
Од вечерва на полноќ, цената на горивата се зголемува за половина до еден денар по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.