Skip to main content
Мај 18, 2016

Во рамки на Годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при Општина Охрид , пред почетокот на месец мај  годинава  започна градежната  акција за крпење на ударни дупки и санирање на прекопи и навлаки на улиците  низ градов.  
Досега акцијата за крпење на ударни дупки се спроведе низ поширокото централно градско подрачје и тоа по должината на улиците:„Славеј Планина“,„7-ми Ноември“,„Егејска“ , делови од „Туристичка“.


Мар 28, 2015

На копилотот на Germanwings инспирација му бил летот MH370?


Мај 18, 2016

Во рамки на одбележувањето на 8 мај Светскиот ден на Црвениот крст и Неделата на Црвениот крст од 8-15 мај, покрај бројните активности на волонтерите на Црвен крст Охрид кои под мотото „НАСЕКАДЕ ЗА СЕКОГО“ ја промовираа хуманоста и солидарноста, нашата организација на сите 17 новороденчиња, колку што се родија во текот на Неделата на Црвениот крст (8-15 мај), на Гинеколошкото одделение во Општата болница во Охрид и на нивните мајки им додели пригодни и корисни подароци со желба нивните деца родени во неделата на хуманоста, да израснат во здрави,  хумани и достоинствени личности.


Апр 8, 2013

Детално истражување на 12 аспекти на модерниот живот, покажа дека мажите доживуваат повисоко ниво на среќа, односно дека се посреќни во однос на седум од нив, вклучувајќи физички изглед, плата и облик на телото.


Мај 17, 2016

Странците се повеќе нарачуваат Еден бисер. Овој автентичен коктел кој неодамна беше промовиран полека ама сигурно станува дел од гастрономската понуда во градов. Засега коктелот Еден бисер се приготвува само во десетина угостителски објекти во Охрид.


Апр 2, 2013

Под мотото „Еден свет за сите“ Македонија по трет пат годинава го одбележува Меѓународниот ден на аутизмот.


Мај 17, 2016

 Јадеме увозно пилешко месо, нема домашни фарми за  производство на живина.


Мај 26, 2011

Противпожарната заштита одбележува 175 години од нејзиното организирано делување. Под мотото „Да ја заштитиме Македонија од пожари“, денес низ сите градови во земјава се делеа флаери од екипите на пожарните единици и службите на Дирекцијата за заштита и спасување во општина Струга.


Мај 17, 2016

Паркингот наспроти Центарот за обука на вода на АРМ, оваа сезона ќе се уредува. Со него стопанисува ЈП „Билјанини Извори“. Според најавите на директорот Ристе Мишев доколку оваа сезона успеат да ги исполнат сите услови за вршење наплата, овој паркинг повеќе нема да биде бесплатен.