Охрид домаќин на традиционалната средба на цивилните инвалиди од војната во Македонија
Во Македонија од заостанати експлозивни направи од Втората светска војна, настрадале многу наши сограѓани. Денес цивилните инвалиди здружени во Национален Совет, традиционално по 40 ти пат го одбележуваат 6 ти април. Од таму до сите граѓани апелираатваат доколку дојдат во допир со непознат предмет, да не го пипаат туку да го пријават во најблиската полициска станица.
Сексoт како аналгетик
Сексот е подобар од лековите во лечењето на главоболката, тврдат германските научници, кои објаснуваат дека оваа активност предизвикува лачење на ендорфин.
„Џган“, македонскиот игран филм добива позитивни критики
„Џган“ е новиот македонски дебитански игран филм на Вардан Тозија, кој охриѓани имаа можност да го погледнат вчера во ЦК „Григор Прличев“. Главните улоги ги толкуваат Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула и Никола Ристановски.
Будното око на OSCE на претстојните локални избори
Канцeларијата за демократски институции и човекови права, ОДИХР, на ОБСЕ од денеска и формално ја почнува набљудувачката мисија на локалните избори во Македонија коишто треба да се одржат на 24 март. Според најавите, ОБСЕ ќе има 300 краткорочни и 20 долгорочни набљудувачи.
Законот за вршење угостителска дејност претрпе измени во корист на приватните станоиздавачи
Законот за вршење угостителска дејност претрпе измени во корист на приватните станоиздавачи. Им се овозможи на приватните станоиздавачи кои се наоѓаат под ист покрив да можат легално да ги издаваат леглата. Ова е резултат на едногодишната борба на Локалната самоуправа и ТЛЕР, со подршка на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, Министерството за економија, а најмногу на залагањето на охридските пратеници.
Образовно рандеву
Лазареска: Отчет се дава за сработено а не за несработено
Реакција за отчетот на градоначалникот Никола Бакрачески и низа обвинувања, изнесоа охридските социјалдемократи на денешната прес конференција. Тие на позицијата и порачаа, дека времето на Никола Груевски и Никола Бакрачески поминало и дека доаѓало времето на соочување со одговорноста за криминалното владеење. Од таму кажаа дека вистинскиот отчет ВМРО-ДПМНЕ ќе го добијат по демократските избори, кога ќе се соочат со одговорноста за криминалното владеење во изминатите 10 години, на штета на граѓаните.
Португалија мина
Фудбалерите на Португалија очекувано во Гујмареш ја победија Малта (4-0).
ЗАБРАНА ЗА ПИЕЊЕ ВОДА ВО НЕКОЛКУ ОХРИДСКИ СЕЛА
Водата од водоснабдителниот објект во сопственост на МЗ с. Пештани и плажа „Оревче“, МЗ с. Елшани и МЗ с. Велестово, водата се забранува за пиење.