Skip to main content
Фев 17, 2016

Министерството за Транспорт и врски го затвори јавниот повик за идејно решение за изградба на градска марина во Охрид.  Сега посебна жири комисија составена од преставници од министерството од архитекти и од преставници на Локалната самоуправа во Охрид ќе ги разгледуваат идејните решенија после што ќе одлучат кое е најприфатливо.


Јан 29, 2013

Посредникот на ОН во разговорите за името амбасадорот Метју Нимиц денеска и утре во Њујорк ќе одржи нова рунда разговори со претставниците на Македонија и на Грција Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.


Фев 17, 2016

На Мауцкер покрај градежен шут се депонира и комунален отпад, тврдат некои граѓани. Од Локалната ги отфрлаат ваквите информации кажувајќи дека уште утре инспекциските служби ќе излезат на терен и ќе проверат дали навистина состојбата е таква.


Мар 31, 2011

Започнува глобалното истражување на УНИЦЕФ за состојбата на жената и децата во општествениот систем на земјава. Ова истражување се изведува во 50 земји во светот, по идентична методологија.


Фев 17, 2016

Вон функција  четири  од седумте инфо пунктови во Oхрид.


Сеп 29, 2009

Напаѓачот на Манчестер сити, Робињо нема да биде поготвен за игра уште три недели, призна менаџерот на тимот Марк Хјуз.


Јан 6, 2022

Православните верници утре ќе го прослават Божик, раѓањето на Синот Божји, Исус Христос. По тој повод архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква Охридска архиепископија упатија божикна порака.


Фев 17, 2016

Во рамките на одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања, Црвен крст Охрид на 20.02.2016 г. (сабота) организира еднодневна планинарска тура од месноста Корита 1350мнв до Липова ливада 1650мнв, на планината Галичица, со можност и за искачување на некој од околните врвови.


Јул 20, 2021

Фестивалот „Охридско лето“ ја продолжува драмската програма вечерва со театарската претстава „ Кој ја уби Џенис Џоплин“ на текст од Тијана Грумиќ, во режија на Соња Петровиќ, а во изведба на Српскиот народен театар од Нови Сад.