СЕ ОДЛОЖИ ПЛАНИРАНОТО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ
Поради неповолни временски услови, планираната теристичка (од земја) дезинсекција против комарци која требаше да се спроведе на 19.07.2021 година се одложи за 22.07.2021 (четврток).
Опасно свлечиште на патот кај Извидничко, Охрид
Додека реката Даљан речиси и да го проголтува патот кај Извиднички Центар, надлежните досега не мрднале со прст. Овој пат не само што е потенцијална опасност за возилата туку и за луѓето кои се движат кај хотелот „Даљан“. Исто така доведено е во прашање и работењето на хотелот, бидејќи кој гостин ќе дојде во хотел поминувајќи низ опасен пат кој во секое време може да пропадне.
Охридското пристаниште безбедно при невреме
Инфраструктурата на охридското пристаниште е димензионирана да може да издржи удари од ветер и бран. Но сепак бродарите организираат стражи за чување на бродовите и доколку се прецени дека градот ќе го зафати силно невреме, тие испловуваат на побезбедни места најчесто на пристаништето во Св Наум.
Добивала милиони да “прогледува низ прсти”?
Потенцијалната идна кандидатка за американски претседател повторно во центарот на вниманието
Новите сметки на ЕВН ги збунија корисниците
Новите фактури за потрошена електрична енергија со променет дизајн, ги збунија корисниците на услугите на ЕВН Македонија. Потрошувачите најмногу реагираат на вкупниот износ кој треба да го платат, бидејќи како што велат кај старите сметки сумата за заостанаиот долг и сумата за потрошена електрична енергија за тековниот месец биле одвоени.
Е ај да ве видам рекламирајте се на Оскарите?
Оскар ги распродаде сите слободни места за реклами за време на преносот.
Завршна екскурзија во Будимпешта и Виена
Учениците од средното општинско стручно училиште „Св. Кирил и Методиј ќе одат на завршна екскурзија во Будимпешта и Виена. Вчера излезе и јавниот повик за прибираење понуди од туристичките агенции. Комисијата која е формирана и која ќе е задолжена околу организацијата на екскурзијата треба да ја одбере најповолната понуда.
Денес официјално доделени концесиите за стопански риболов
Концесијата за стопански риболов на Охридското езеро во наредниве 6 години ќе ја поседува Пастрмка 2012, со Дојранското езеро ќе стопанисува ФИШИЛАН ДООЕЛ – НОВ ДОЈРАН, додека со Шпилје ќе стопанисува, ЗЗ ОХРИДСКА ПАСТРМКА – СТРУГА.
Позната шпанска музичарка со македонски корени смета дека природните убавини на Охрид треба да останат недопрени
Вели дека иако пред неколку години ги открила своите корени, Македонија и Охрид ги чувствува неопишливо свои. Она што неа ја привлекло при првата посета на Македонија и Охрид се токму дивината, природата и карактерот на местата.