Skip to main content
Јул 19, 2021

Охридскиот регион во блиска иднина нема да има проблем со обезбедувањето вода за пиење. Во туристичката сезона, кога потрошувачката на  вода се удвојува, во водоснабдителниот систем се внесува вода од Охридското Езеро. Пумпната станица кај Метропол засега  е единствен пример на експлоатација на извор во езерото за вода за пиење. Според експертите тоа е алтернатива, на која, во иднина треба да се смета, со оглед на колебањето во издашноста на постојните извори и долгите сушни периоди поради климатските промени.


Јан 30, 2016

Локалната самоуправа ќе ги реши наталожените долгогодишни комунални проблеми на жителите од  улиците „Живко Чинго“ и „Андреа Јованоски“, во Охрид. Тоа е зацртано со  тригодишната развојна програма на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици, 2015 – 2017 год.


Јан 30, 2016

Tехнолошко индустриската развојна зона Струга – Охрид, каде што до јуни месец годинава треба да никне ОДВ ЕЛЕКТРИК е во депресија. Ова го кажа првиот човек на фабриката Огнен Цубалевски, кој појсна дека на терен се соочиле со неочекувани дополнителни работи и биле изложени на дополнителен трошок.


Фев 24, 2015

Електронската пошта на Gmail можe да отидe на погрешнa адресa


Јан 29, 2016

Ќе се подобрат условите и на студентите кои престојуваат во Студенскиот дом „Никола Карев“, во Охрид. Од државниот проект за набавка на 50 машини за перење и сушење дел ќе бидат распределени и во охридскиот дом, во зависност од бројот на студенти кои престојуваат.


Фев 4, 2013

Голем број на Бразилци веќе почнаа да се подготвуваат за најголемиот карневал во светот кој се одржува во Рио, а кој ќе започне на 9.февруари и ќе трае до 12.февруари.


Јан 29, 2016

Повеќе примероци од Азиски вид риба со потекло од Кина со просечна тежина од над 2 килограми се уловени во Радожда, Пештани и на Далјанот во Струга. Сортските риболовци сметаат дека новиот вид Толстолобик може да биде опасна за останатите автохтони видови во Охридското Езеро, додека пак научната фела сеуште без одговор како може да дојде во нашите езерски води.


Јун 8, 2012

Од денес до вторник нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ која ќе услови претежно сончево и многу топло време.


Јан 29, 2016

Од денес со одлука на совет ЈП „Билјанини извори“ ќе се грижи за детското игралиште во близина на каналот Студенчишта. Во иднина откако ќе се реконструираат постоечките детски паркчиња,а ќе се направат и нови ќе се практикува овој начин на стопанисување со цел истите да се заштитат од вандалските чинови на поединци.