Skip to main content
Јан 4, 2013

Покрај другото, измените овозможуваат и полесно ангажирање на сезонски работници, како и поголема заштита на нивните права.


Фев 16, 2016

Отпочна со работа новата градника во Пештани во  рамки на ОУ „Св Наум Охридски“. После Лескоец, Велгошти и Радојца Новичиќ ова е четврт објект за само две години, нагласи министерот Диме Спасов, кој денес беше во работна посета на Охрид и ја пофали работата на охридскиот градоначалник Никола Бакрачески и неговото залагање за зголемување на капацитетите за згрижување на деца.


Мар 30, 2011

Крај или почеток на расветлување на кривично правен настан. На денешниот судски претрес во врска убиството на Џемаил Исмаили кое се случи на 30. 08 минатата година беше сослушан еден од клучните сведоци Ади Крека, виш инспектор при СВР Охрид и Др. Владо Кочоски вешто лице.


Фев 16, 2016

Опасното свлечиште што го предизвика надојдената река Даљан, ќе се санира. Првиот човек на градот информира дека веќе во изработка е стратегија за преземање на соодветни мерки за надминување на опасноста а примарно во наредните 4 дена ќе бидат санирани штетите и ќе биде овозможена безбедност на пешаците и возилата кои го користат овој пат. 


Сеп 28, 2009

„Имам намера да донесам големи промени во Ф1, и затоа многумина се плашат од мене“- изјави во Сингапур легендарниот фински рели-возач Ари Ватанен, кој се кандидираше за нов претседател на Меѓународната автомобилска федерација(ФИА).


Дек 27, 2021

Во Светиклиментовиот манастир на Плаошник во Охрид, се одржа промоција на книгата „Манастирите во Дебарско – Кичевската Епархија“. На промоцијата претходеше света архиерејска Литургија, на која во присуство на Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј.


Фев 16, 2016

На Охрид му требаат нови хотелски капацитет.


Јул 20, 2021

Охриѓанец извршил физички напад врз неговата сопруга, 83-годишна жена била касната од куче скитник. Погледнете го најновиот СВР Билтен.


Фев 16, 2016

Од МЈП „Проаква Водовод Охрид“ информираат дека денес, 16- ти февруари, поради изведба на водоводна линија ќе има прекин на водоснабдувањето на улицата „ Јане Сандански“ од семафорите кај охридската гимназија до кружниот тек кај Општата болница, како и на улиците „ Сирма Војвода“, „ Карпош Војвода“, „ Мирче Ацев“, „ Ванчо Питошески“, „ Галичица“, „ Никола Карев“, „ 8-ми Септември“ и  „ Лазо Трпоски“.