Охрид СОС: Нема оправданост од изградба на Ски Центар на Галичица
Климатските услови во нашата земја, посебно на Националниот Парк Галичица не дозволуваат изградба на Ски центар на ова планина, сметаат граѓанските активисти, претставниците на здруженија на граѓани и еколошки организации.
Македонија го пропушти четвртфиналето
Македонската кошаркарска репрезентација не успеа да обезбеди пласман во четвртфиналето на Европското првенство, откако во драматичен меч загуби од европскиот првак Русија со 71:69.
Коронавирусот е изолиран
Кина го изолира вирусот и го идентификува како коронавирус, а од 13 јануари ја сподели геномската секвенца со Светската здравствена организација. Веб-страницата на Американската национална библиотека за медицина, го објави целосниот геном од изолираниот вирус, земен во раните фази, како и неговата обновена верзија. Во научен труд во детали се објаснува како САРС-КоВ-2 е изолиран и колку е есенцијално ова изолирање за тестовите и за вакцините кои подоцна се појавија.
Подготовки за Бадник
Утре е Бадник. Овој празник името го добил по гранка од даб – бадник која се сече на тој ден, се внесува дома и се пали. Постојат разни обичаи кои се поврзуваат за овој ден, некои од нив се одржале до денес.
Битолските актери ја носат „History of Мother Fuckers“ вечерва на „Охридско лето“
Драмската програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва од 21 часот на сцената „Долни Сарај“ со театарската претстава „History of Мother Fuckers“ според „Кориолан“ од Вилијам Шекспир, во режија на Андраш Урбан, а во изведба на Народниот театар од Битола.
Субвенционирањето на станоиздавачите од мал обем оди по зацртаниот план
Се поголем е бројот на приватни станоиздавачи од мал обем кои се субвенционирани од Локалната. Веќе втора година по ред според програмата на Секторот ТЛЕР сите станоиздавачи кои се уредно пријавени и регистрирани добиваат повратни средства 50% од уплатената туристичка такса. Во програмата за 2016та предвидени се 400 000 ден. за субвенционирање на приватните станоиздавачи.
Охрид подготвен за првиот снег
Од ЈП „Комуналец“ велат дека иако деновиве не се очекуваат врнежи од снег тие се подготвени доколку е потребно да интервенираат на терен. Снегот кој вчера наврна направи проблеми на планинските превои, па имаше застој во сообраќајот на Пресека. Денес нема никакви проблеми на патиштаат низ државава, а од Македонија пат велат дека екипите се постојано на терен.
Освета за своите убиени државјани
Египет ги нападна позициите на Исламската држава
Се подобруваат условите во градов и во државава за лицата со оштетен слух
Глувите и наглуви лица од градов преку своето здружение постојано се борат за подобрувањето на квалитетот на нивниот живот. Младите кои се школуваат најчесто тоа го прават во специјализираните училишта во државава. Оние пак кои остануваат да учат во градов бараат да се зголеми бројот на толкувачи на знаковниот јазик како би можеле да ја следат наставата. Сакаат и што поскоро градоначалникот Никола Бакрачески да го исполни ветувањето и да го уреди патниот правец кој води до хотелот Даљан кој е нивно собиралиште.