Skip to main content
Окт 2, 2024
ухмр
Температурите во Охрид ќе се движат во интервал од 6 до 21 степен.

Окт 1, 2024
Во Основниот суд во Струга продолжи судскиот процес против градоначалникот Рамиз Мерко за незакоснко поставување на директори во четири училишта. Сведоците велат трпеле притисоци и мобинг од поставените директори да потпишуваат документи.

Окт 1, 2024
Денеска официјално започна новата академска 2024/25 година. По тој повод на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид се одржа свечен час за добредојде на новата, 46та по ред, генерација студенти.

Окт 1, 2024
Урбаната опрема на Кеј Македонија, такси превозот и концертите во шпицот на сезоната беа тема на седницата на Совет резервирана за советнички прашања. Опозицијата побара од градоначалникот да ја сподели со советниците и јавноста неговата визија за следното лето односно дали нешто од проблемите кои го мачат туристички Охрид ќе се промени на подобро. Изгледот на Кеј Македонија на лето, за градоначалникот не е пријатна слика, но според него е концепт кој сепак треба да продолжи. Додека пак за самоволието на такси превозниците, се уште нема лек.

Окт 1, 2024
Црвен крст Охрид
Црвен крст Охрид спроведува најразлични услуги за стари лица со цел подостоинствен и квалитетен живот на старите луѓе и дава придонес и активно се вклучува во креирање на политики за старите луѓе во локалната заедница.

Окт 1, 2024
Претствата се игра со почеток во 20.00 часот, а цената на билетот е 300 денари.

Окт 1, 2024
УХМР
Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 3 до 19 степени Целзиусови.

Сеп 30, 2024
ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања-Охрид
Целта на овие активности е подигање на свеста на граѓаните на општина Охрид за значењето на превенцијата и навременото откривање на покачениот крвен притисок и дислипидемијата како два најчести ризик фактори за појава на кардиоваскуларни заболувања кај луѓето.

Сеп 30, 2024
Од вкупно 10 ветени капитални проекти, до локалните избори нема да се реализира само еден, истакна на денешната седница на Совет градоначалникот Пецаков. Тој одговарајќи на советничко прашање кажа дека сите приоритетни проекти од неговата изборна програма биле или реализирани или во завршна фаза.