Skip to main content
Сеп 30, 2024
Центар за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест”
Во рамки на проектот, „Еко-свест” донираше опрема која е составена од екструдер за филамент, 3Д печатач, компјутер и додатни алатки за 3Д печатење, а со неа училиштето е обезбедено со целата потребна технологија и материјали за спроведување на процесот.

Сеп 30, 2024
ЈЗУ Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид
Во просториите на Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања Охрид, планирано е да се спроведат активности кои ќе опфатат мерење на крвен притисок и скринирање на кардиоваскуларниот ризик кај луѓето, проследени со споделување на совети и информативни материјали од страна на доктори од болницава и претставниците од Крка – Фарма ДООЕЛ Скопје. Акивностите ќе се реализираат на 30.09.2024г.(понеделник) во периодот од 9.00 до 12.00 часот.

Сеп 30, 2024
РЦСОО „Ванчо Питошески”-Охрид
За краток рок пристигнува нов мебел (клупи, столици, табли, шкафови) и угостителска опрема за кабинетите по практична настава.

Сеп 30, 2024
УИНТ „Св. Апостол Павле“
Свеченото отворање на новата академска 2024/2025 година на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ ќе се одржи во Амфитеатарот на Универзитетот во вторник, 1-ви октомври 2024 година во 12:00 часот.

Сеп 30, 2024
ухмр
Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 7 до 19 степени Целзиусови.

Сеп 27, 2024
Со голема меѓународна конференција Охрид го одбележа Светскиот ден на туризмот. Годинава мотото е туризмот и мир, за да се истакне значењето и поврзаноста на туризмот и мирот. Од Агенцијата за промоција на туризмот најавуваат дека ќе се работи на привлекување на туристи од нови пазари, но и воведување на нови авио линии.

Сеп 27, 2024
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, денеска од Охрид го искоментира како историска грешка тоа што земјава се’ уште не ги започнала преговорите, а таа грешка, според него е двојно поголема со одделувањето на Албанија на патот кон ЕУ. Орбан му претставил на Мицкоски предлог за изнаоѓање на решение со Бугарија, и се понудил Унгарија како земја-претседавач со ЕУ, да посредува во разговорите.

Сеп 27, 2024
Утре на градскиот плоштад и на кеј Македонија ќе биде разиграно во духот на хуманоста и здравите животни навики на 16тата по ред хуманитарна акција За посреќно детство. Црвен крст Охрид и Стоматолошки центар Баткоски и годинава, на задоволство на најмладите охриѓанчиња, подготвија низа забавни содржини, подароци, награди и изненадувања. Прибраните средства од акцијата се наменети за деца од социјално загрозени семејства од Охрид и Дебрца.

Сеп 27, 2024
општина дебрца
Се реконструираат долниот спрат и санитарните чвори, се поставуваат нови врати и молерисување на административните простории, ИТ инсталацијата, како и фасадата од северната и западната страна и други активности.