Skip to main content
Мар 17, 2012

Матичните гинеколози од 1 април со покани ќе ги повикуваат жените да направат бесплатен ПАП-тест.


Дек 12, 2015

Охридските градски гробишта се осигурани од природни непогоди. Директорот Зоран Симоноски за ТВМ обелоденува дека уште на самиот почеток од преземањето на раководната функција направил полиса за обезбедување и обештетување од природни неприлики, што претставува законска одлука, која пак не била испочитувана од претходното раководство.


Фев 4, 2011

Уште два од низата вандалски чинови на кражба во верски објекти.


Дек 11, 2015

Доживотен затвор за првообвинетиот во судскиот процес за двојното убиство во хотел Император. Второобвинетиот доби затворска казна од една година за помагање во извршување убиство. Одбраната на првообвинетиот ќе ја обжали изречената пресуда на Основниот суд во Охрид.


Сеп 8, 2009

Во вториот натпревар на Европското првенство во Полска, македонската кошаркарска репрезентација денеска во 16:30 часот ќе игра со Израел.


Окт 13, 2021

Полициски службеници вчера на влезот во Гевгелија, на граничниот премин „Богородица” го лишиле од слобода М.А.(47) од Република Србија, поради превезување на мигранти.


Дек 11, 2015

Македонија претставува алка во регионалниот енергетски пазар, истакна министерот за економија на Р. Македонија Беким Незири. Денес беше потпишан меморандум за соработка меѓу Р. Македонија и Р. Албанија во областа на енергетиката, на билатералната средба која се одржа во Струга.


Јул 14, 2021

Повторно по санација на проблем од градски „Водовод, граѓаните сведочат на раскопани улици и до месец дена потоа. Жителите велат дека улиците претставуваат опасност во сообраќајот и бараат итна санација.


Дек 11, 2015

На еден од најголемите светски фестивали на кои се презентираат стекнатите вештини и мултитаскинг техниките од БРЕИНОБРЕИН програмата, кој на 5 декември оваа година се одржа во Дубаи, Обединети Арапски Емирати, во конкуренција од 2000 натпреварувачи, 9 охридски генијалци од Центарот за развивање на животни вештини при Црвен крст Охрид кои ја следат БРЕИНОБРЕИН програмата, освоија вредни награди и признанија.