Сеп 24, 2024
Националeн сојуз за планинско спасување
Седми ден трае потрагата по турист од Белгија, доколку некој го забележи да пријави на 112
Лицето последен пат е забележано во атарот на с. Лакајца, струшко, на 18ти септември како се движи по позната патека High Scardus Trail и очекувано е да помине низ Вевчани, Охрид и НП Галичица се до манастирот Св.Наум, каде што завршува последната етапа од патеката.
Сеп 24, 2024
УХМР
УХМР: Променливо облачно со услови за дожд
Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 12 до 20 степени Целзиусови.
Сеп 23, 2024
Дводневни вонредни инспекциски надзори на Агенцијата за храна и ветеринарство
Казнети маркети, месарници, гостилници и ресторани, уништени 267 кг небезбедна храна. Ова е епилогот на дводневниот вонреден инспекциски надзор на Агенцијата за храна и ветеринарство во Охрид, Струга и Кичево. Најчестите прекршоци се немање декларации, продажба на храна со поминат рок и незадоволителни хигиенски услови.
Сеп 23, 2024
Стружани го кренаа гласот против казината и обложувалниците
Стружани со протест го кренаа гласот против отворање на ново казино во градот. Велат во градот има повеќе објекти наменети за игри на среќа од училишта. Бараат стопирање на изградбата, дислокација и отстранување на објектите наменети за игри на среќа.
Сеп 23, 2024
Започнаа градежните активности за изведба на атмосферска канализација на пресекот од улиците Петрино и Кленоец
Должината на трасата изнесува 425 метри, ќе се поставуваат цевки со дијаметар Ф315 и ф250. Градежниот зафат изнесува 3 901 622 денари, а средства се обезбедени од буџетот на Oпштина Oхрид.
Сеп 23, 2024
Сашко Коцев со стендап насловен „Широк Дијафазон“ гостува во Охрид
Влезниците се пуштени се во продажба со цена од 400 денари.
Сеп 23, 2024
општина дебрца
Мапирани велосипедски патеки во Општина Дебрца со проектот ,,Патеки на Откривање”
Со проектот ,,Патеки на откривање” со мапирањето на велосипедски патеки во Општина Дебрца се овозможува на љубителите на планинскиот велосипедизам и љубители на планинарење по падините на планините во општина Дебрца олеснет пристап за нивно откривање, како и безбедно започнување и пристигнување по обележана велоспиедска патека.
Сеп 23, 2024
Од денеска ограничување на профитната маржа на дел од основните прехранбени производи
Од денеска производите со пониски маржи за 10 проценти. На листата која ја објави Министерството за економија и труд се наоѓаат ориз, леб, масло за јадење, сите видови зеленчук и овошје, месо и месни производи и млеко и млечни производи.
Сеп 23, 2024
НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид
Охридскиот театар денес ја започнува новата театарска сезона
Претствата се игра со почеток во 20.00 часот, цената на билетот е 300 денари.