Окт 2, 2024
општина охрид
Јавен оглас за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз за релација Охрид – с. Горно Лакочереј – Охрид
Општина Охрид објави Јавен оглас за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз за релација Охрид – с. Горно Лакочереј – Охрид линија 1 / 2.
Окт 2, 2024
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид
Во четврток ќе се одржи акција за подигнување кабаст отпад на улиците ,,Абас Емин” и ,,Железничка”
Граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 03.10.2024 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.
Окт 2, 2024
Во Охрид има доволно образовни асистенти, но недостига инфраструктурно и кадровско опремување на училиштата
Во Охрид има доволно образовни асистенти за учениците со посебни потреби, но недостига инфраструктурно и кадровско опремување на училиштата. Потребни се стручни тимови и соодветна инфраструктура.
Окт 2, 2024
Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид
Археолошки истражувања на локалитетот Самуилова Тврдина
Фокусот беше ставен на новооткриената некропола од 12 век, фамилијарната доцноантичка гробница како и анализата на фрагменти мозаик пропратени со архитектонски градби во Јужниот дел од цитаделата.
Окт 2, 2024
ухмр
Времето во Охрид сончево со температури до 21 степен
Температурите во Охрид ќе се движат во интервал од 6 до 21 степен.
Окт 1, 2024
Продолжи судскиот процес против градоначалникот Меко, за незаконско поставување на директори во училиштата
Во Основниот суд во Струга продолжи судскиот процес против градоначалникот Рамиз Мерко за незакоснко поставување на директори во четири училишта. Сведоците велат трпеле притисоци и мобинг од поставените директори да потпишуваат документи.
Окт 1, 2024
Свечен прв академски час на ФТУ Охрид
Денеска официјално започна новата академска 2024/25 година. По тој повод на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид се одржа свечен час за добредојде на новата, 46та по ред, генерација студенти.
Окт 1, 2024
Пецаков: Изгледот на Кеј Македонија во сезона не е пријатна слика, но е концепт кој треба да пoстои
Урбаната опрема на Кеј Македонија, такси превозот и концертите во шпицот на сезоната беа тема на седницата на Совет резервирана за советнички прашања. Опозицијата побара од градоначалникот да ја сподели со советниците и јавноста неговата визија за следното лето односно дали нешто од проблемите кои го мачат туристички Охрид ќе се промени на подобро. Изгледот на Кеј Македонија на лето, за градоначалникот не е пријатна слика, но според него е концепт кој сепак треба да продолжи. Додека пак за самоволието на такси превозниците, се уште нема лек.
Окт 1, 2024
Црвен крст Охрид
Црвен крст Охрид го одбележува Меѓународниот ден на стари лица
Црвен крст Охрид спроведува најразлични услуги за стари лица со цел подостоинствен и квалитетен живот на старите луѓе и дава придонес и активно се вклучува во креирање на политики за старите луѓе во локалната заедница.