Градоначалникот им забранил да умираат
Сепак двајца мештани планираат да не го почитуваат декретот и да си умрат на раат.
Лажни банкноти од 500 денари циркулираат во Охрид
Во Охрид се купувало со лажни апоени од 500 денари, и 100 долари, а во Дебар со фалсификувани банкноти од 50 евра. СВР Охрид добар дел од сторителите на ваквите кривични дела ги открил и поднел соодветни пријави, информира портпаролот на секторот Стефан Димоски.
Принцот од Кент во Македонија
ПОДНЕСЕТЕ БАРАЊЕ ЗА ОТПИС НА КАМАТИ ОД СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ, РОКОТ ИСТЕКУВА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА
Управата за јавни приходи потсетува дека можноста за поднесување на барање за отпис на камати за социјалните придонеси е до крајот на годината.
Децата, клуч на столбот за мултиетничка соработка
Охридскиот регион преставен на академијата на УНЕСКО
На Академијата за одржлив развој во УНЕСКО подрачја , што се одржува во Торино, Италија, во кампот на ОН , беше преставен Охридскиот регион со две презентации за планот за управување со културното и природното наследство и за управувањето со Прекуграничниот биосферен резерват на УНЕСКО Охрид / Преспа.
Рибери сепак во Реал
Реал М. само што со купувањето на Чаби Алонсо од Ливерпул го комплетираше составот за нареднава сезона, шпанските медиуми објавија дека Флорентино Перез веќе купил нова ѕвезда за 2010 година. Тоа не е никој друг туку Франк Рибери.
„Подиум на млади“ го навестува почетокот на „Охридско лето
Во рамките на „Охридско лето“, денеска и утре ќе се одржува „Подиумот на млади“ како предвесник на 61. фестивалско издание.
Македонската полиција наградена за успешно сузбивање компјутерски криминал
Македонската полиција доби награда за најуспешно реализирана акција за сузбивање компјутерски криминал. Секторот за компјутерски криминалитет и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија заедно со нивните колеги од Србија се добитници на првата награда за најуспешно реализирана акција за разбивање меѓународна криминална група што вршела нелегална терминација на меѓународен во национален телефонски сообраќај.