Skip to main content
Дек 8, 2010

Директорот на Р.Е. Колектор, Ваит Ајро, тврди, дека причината е неконтролиран проток на електрична енергија и високиот напон на струја, кој бил пуштен тој ден, a вината ја лоцира кај снабдувачот на енергија ЕВН.


Окт 16, 2015

Во седум охридски села водата забранета за употреба со решение на агенцијата за храна и ветеринарство. Причината е недостаток на хлор. Во примероците на вода од селскиот водовод во Куратица биле пронајдени и бактерии. Месните заедници проблемот го лоцираат во нерегулираниот правен статус кој го имаат, поради што не можат да преземат активности за хлорирање и следење на квалитетот на водата во селските водоводи.


Авг 7, 2009

Седумкратниот светски шампион изјави дека загубил три килограми како дел од програмата за враќање во форма и замената на Фелипе Маса.


Дек 26, 2021

На 25.12.2021 година во Струга, приведен е Н.И. (70) од Охрид, кој на улицата „Пабло Неруда” во Струга, го нарушил јавниот ред и мир со агресивен однос кон полициски службеник.


Окт 16, 2015

Бројот на социјални случаи се зголемува. Тоа треба да не загрижува сите и потребно е да бегаме од политика и да бидеме повеќе хумани, со цел да можеме да достигнеме некои општочовечки вредности, порачаа од Лајонс Клубот „Десарети“, Охрид, на одбележувањето на светскиот ден за борба против гладта. Клучот за излез од вакавата состојба е обезбедување на вработување и развој на индустрија,  како што нагласи Ангел Јанев, од Локалната самоуправа на Охрид.


Јул 9, 2021

Во пораст бројот  на охриѓани кои поднесуваат барања за еднократна парична  помош и надоместокот за помош и нега од друго лице во охридскиот Центар за социјална работа. Енормно се зголемени барањата за надоместок за помош и нега. Подносителите на барањата тешко закажуваат термин за преглед кај Регионалната  стручна комисија која одлучува за одобрување по овој основ. 


Окт 16, 2015

Од МЈП Проаква Водовод Охрид информираат дека денес, петок, 16- ти октомври, поради настанат дефект на водоводна линија ќе има прекин на водоснабдувањето на улиците Ристо Чадо, Момчило Јорданоски, Андреа Јованоски и Прва Македонска Бригада.


Окт 16, 2015

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно  градење“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ѓ.П. (66) од Охрид.


Јан 23, 2015