Композитните пломби ги истиснуваат амалгамските
Композитните пломби ги истиснуваат амалгамските. Докторите препорачуваат замена на амалгамот заради здравствени и еститески причини. Во нашата земја како и во светот се поретко се употребува амалгамот и местото го отстапува на композитните пломби.
„Порака Нова“ бележи позитивни резултати
Рекреативниот центар „Порака Нова“, наменет за лицата со интелектуална попреченост функционира скоро 11 месеци.
„Абас Емин“-многу ударни дупки, без тротоари и со чести прекопи долж целата улица
Од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици велат дека се во фаза на прибирање на потребната проектна документација заедно со Министерството за транспорт и врски и ограноци на Светска банка за конечна реконструкција на оваа улица.
Утре по 30 – ти пат малиот пливачки маратон
Во организацијата на пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“ во недела на втори август ќе се одржи 30 издание на пливачкиот маратон „Горица-Охрид“ во должина од 2,5 километри.
Не е точно дека 80 отсто од вакцинираните се на интензивна нега
Последната анализа на Министерството за здравство за периодот од 6 август до 4 ноември, покажува дека 72 отсто од заболените и 78 отсто од хоспитализираните со ковид-19 се невакцинирани. Повеќе научни анализи покажуват дека вакцините се безбедни и даваат резултати, штитат од тежок развој на болеста и спасуваат животи. Стручната јавност е децидна дека вакцинацијата треба да е што помасовна за да се постигне колективен имунитет и да се стави крај на пандемијата. Колективен имунитет се стекнува само со имунизација на поголемиот дел од населението – 70 до 90 отсто, во спротивно коронавирусот и натаму ќе се шири и ќе мутира, што, вусшност, и се случува.
Зајакнете го имунитетот пред сезоната на грипови и настинки
Промената на годишните времиња и доаѓањето на зимата секогаш се голем тест за имунитетот. Во овој период од годината секој се обидува да го зајакне својот имунитет. Природна храна збогатена со витаминии еден од најефктивните начини за подобрување на имунитетот, советуваат лекарите. Балансираното хранење на телото му ги дава сите хранливи материи потребни за борба против болестите.
Гори депонијата Буково
Во Охрид секојдневно се чувствува чад и смрдеа. Пожарите на депонијата Буково биле подметнати од неовластени лица кои престојуваат таму.
Ќе заседава Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот
На ден 30.09.2015 година (среда) во малата сала на општина Охрид, со почеток во 14 часот, закажана е СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА ВО ОПШТИНА ОХРИД, со следниов дневен ред:
„Охридско лето“ трета година со ред најуспешна манифестација според Министерство за економија
Влијанието на овој наш најреномиран фестивал во делот на туризмот според директорката Елизабета Јанкуловска е повеќе од очигледен.