Skip to main content
Авг 12, 2015

Претставници на најголемиот и најстар тур оператор во светот „Томас Кук Груп“ ги посетија туристичките капацитети во земјава. Тие направија сериозна анализа на оние капацитети, кои за нив претставуваат интерес. Според Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, доколку влезе мрешата на најстариот светски тур оператор би можеле да очекуваме зголемен број на туристи, прилив на девизи и раздвижување на целата економија во РМакедонија.


Фев 13, 2012

Mожно е Витни Хјустон да се удавила во сопствената када, откако претходно најверојатно се онесвестила, покажале резултатите од првичната обдукција.


Авг 12, 2015

Апстрактна, енергична, полна со емоции и бои, со овие зборови македонскиот кореограф со меѓинародна кариера Игор Киров ја опишува својата балетска претстава 5 до 12 која вечерва ќе се игра на охридско лето. Киров ја тематизира  навиката на Балканот се да се решава во последен момент во 5 до 12 а понекогаш и во 5 по 12. И тоа онака како што судбината ќе ни ги фрли коцките. Балетот е поделен на 12 сцени со 12 танчери кои ги прикажуваат сите периоди во човечкиот живот од раѓањето до смртта.


Ное 24, 2011

На жените што сакаат да почнат бизнис, од следната година државата ќе им субвенционира 75 отсто од трошоците за дадилките.


Авг 12, 2015

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, а врз основа на Законот за правда за деца, Секторот за внатрешни работи Охрид до Основното јавно обвинителство поднесе известување против три малолетни лица од Охрид, можни сторители на делото.


Окт 30, 2010

Децата со исламска вероисповед од руралните средини, се запознаа со христијанската вера. Тие се дел од проектот „Разликите се наша предност“, проект подржан од УНДП а го реализираат здружениејата „Езерка“ и „Толеранца“ од Струга.


Авг 12, 2015

Од утре 13 до 23 август Месецот на кошарката во Охрид продолжува со најголемиот спортски настан за оваа година во Охрид, Европското првенство дивизија Б за кошаркарки до 16 години.


Јул 20, 2009

Ватерполо репрезентација на Македонија вечерва го игра првиот натпревар на Светското првенство во Италија, што воедно претставува деби на Македонија на Светските првенства.


Фев 22, 2022

Посебно е загрижувачка состојбата во ЈП „Водовод“. Охридскиот градоначалник решение од кризата гледа во субвенции од Владата или отстапување на поголем месечен поврат на средствата од државата на сметка на општините.