Киров: На балканот се се решава во “5 до 12“
Апстрактна, енергична, полна со емоции и бои, со овие зборови македонскиот кореограф со меѓинародна кариера Игор Киров ја опишува својата балетска претстава 5 до 12 која вечерва ќе се игра на охридско лето. Киров ја тематизира навиката на Балканот се да се решава во последен момент во 5 до 12 а понекогаш и во 5 по 12. И тоа онака како што судбината ќе ни ги фрли коцките. Балетот е поделен на 12 сцени со 12 танчери кои ги прикажуваат сите периоди во човечкиот живот од раѓањето до смртта.
Државата ќе им плаќа дадилки на идните бизнисменки
Малолетници се „пресметале“ со метална палка
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, а врз основа на Законот за правда за деца, Секторот за внатрешни работи Охрид до Основното јавно обвинителство поднесе известување против три малолетни лица од Охрид, можни сторители на делото.
Разликите се наша предност
Утре стартува најголемиот спортски настан во Охрид и Струга
Од утре 13 до 23 август Месецот на кошарката во Охрид продолжува со најголемиот спортски настан за оваа година во Охрид, Европското првенство дивизија Б за кошаркарки до 16 години.
Македонските ватерполисти го имаа своето деби на Светското првенство
Ватерполо репрезентација на Македонија вечерва го игра првиот натпревар на Светското првенство во Италија, што воедно претставува деби на Македонија на Светските првенства.
Вртоглави износи за струја во општина Охрид и јавните претпријатија
Посебно е загрижувачка состојбата во ЈП „Водовод“. Охридскиот градоначалник решение од кризата гледа во субвенции од Владата или отстапување на поголем месечен поврат на средствата од државата на сметка на општините.
Конечно ќе се реши проблемот со одведување на отпадни води во Лескоец
ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД – работи на овозможување приклучоци на новоизведена фекална канализација на ул. „Илија Смически“ во с. Лескоец.
Голгетерот Александар Целески го напушта ГФК Охрид Лихнидос
Уште еден одличен фудбалер го напушта ГФК Охрид Лихнидос. Станува збор за голгетерот Александар Целески кој неговата одлука ја соопшти на социјалните мрежи.