Во вакцините против ковид-19 нема живи паразити и полипи
Научната јавност е децидна дека е невозможно паразити или кое било друго живо суштество, да постојат во вакцината против ковид-19. Водата и другите течности во вакцината се прочистуваат под строги услови, што спречува какви било паразити или други живи организми во вакцината . Вирџинија Сереин, истражувач во француската лабораторија CEMES и генерален секретар на Европското здружение за микроскопија, вели дека фотографиите кои се прикажуваат во ова видео „на никаков начин не се научен доказ“.
При крај е уредувањето на плажата „Сараиште“
За брзо време плажата „Сараиште“, ќе биде готова за охриѓани и бројните туристи. Оваа песочна плажа во центарот на градот е соодветно уредена со сите потребни содржини и ќе биде бесплатна за користење.
Денеска и утре во Охрид и Отешево, ќе се одржува „Преспа форум дијалогот“
Денеска и утре во Охрид и Отешево ќе се сретнат лидерите на државите од регионот со највисоките претставници од Европа и САД. Низ големиот број на панел дискусии, панелистите ќе се осврнат на носечката тема на конференцијата Западен Балкан: Делот што недостига за Европа да биде целосна.
Високите температури ја редуцираа работата на терен
Од Јавните претпријатија во градов велат дека ги реорганизирале работните активности на градежните работници кои работат на отворено. Оваа владина препорака ја почитуват и дел од приватните градежни фирми кои функционираат во градов.
Охрид доби одбројувачи за семафори
Охрид е меѓу првите градови во земјава кој доби вредна донација, одбројувачи за семафори од Републичкиот Совет за безбедност на Македонија. Со тоа ќе се подобри безбедносната состојба на сите учесници во сообраќајот, посебно на пешаците како најранлива категорија, смета градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, како и претставниците од републичкиот и општинскиот Совет за безбедност.
Здравиот начин на живот би можел да спречи 40% од случаите на карцином
Британско истражување кое го пренесува BBC
Света литургија по повод празникот „Собор на Свети Архангел Гаврил“
Од Дебарско-кичевската епархија ги информираат своите православни верници дека на 26 јули недела), во црквата „Света Богородица – Каменско“ ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Собор на Свети Архангел Гаврил“.
И нудат 500 милиони долари само за да седи и да мрчи
Ограничено движење во шумите од денес
Од денеска до 5 август се воведува ограничување на движењето на сите лица во шумите и шумските појаси во термин од 7 до 17 часот, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.