Авг 21, 2024
охридско лето
Претставата „Алиса во земјата на стравовите“ го затвори 64. Охридско лето
Со театарската претстава „Алиса во земјата на стравовите“ од Ева Махковиќ, во режија на Александар Поповски, а во изведба на актерите од Југословенскиот драмски театар од Белград, вчеравечер беше спуштена завесата на 64. издание на фестивалот „Охридско лето“.
Авг 21, 2024
Во јуни просечната месечна исплатена нето-плата 41.939 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава е за 14,8 отсто повисока отколку во истиот месец лани.
Авг 21, 2024
општина дебрца
Изградба на седум фекални секундарни краци во село Мешеишта
Во оваа фаза ќе бидат изградени 7 секундарни краци, во должина од 590 метри, а ќе бидат поставени и 16 ревизиони шахти.
Авг 21, 2024
свр охрид
Гостин нападнал вработен во сместувачки објект
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Авг 21, 2024
Од 101 контрола, дури 51 деловен субјект работи со неправилности
УЈП ова лето ги „чешла” трговците, дуќанџиите, угостителите и занаетчиите во туристичките центри. Во Охрид и Струга од 101 контрола кај 51 деловен субјект се утврдени неправилности. Од бизнис секторот се жалат, велат оваа сезона се под постојан притисок на инспекциите.
Авг 21, 2024
ухмр
Денес времето сончево со мала до умерена облачност
Температурите ќе се движат во интервал од 13 до 28 степени Целзиусови, а UV индексот ќе има вредност 7.
Авг 20, 2024
образование
Училиштата се подготвуваат за едносменска настава, учебници ќе има
Во земјава 124 основни и средни училишта се подготвени за воведување на истата. Во Охрид во едно училиште веќе започна ваков вид настава. Новиот концепт настава во една смена подразбира осум часа во училиште, следење настава, подучување, завршување домашни обврски и дополнителни наставни активности. Министерката за образование вели учениците оваа учебна година ќе имаат учебници, а преку јавна расправа ќе се ревидира наставната програма од 1 до 9 то одделение.
Авг 20, 2024
Црвен крст Охрид
Црвен крст Охрид организира напредна обука за укажување на прва помош
Обуката ќе се реализира во Црвен крст Охрид во месец септември 2024 година и ќе трае 12 дена, а кандидатите треба да имаат претходно познавање на основи на првата помош и напредно ниво на познавање на англиски јазик.
Авг 19, 2024
Започнува шестиот Балкански поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески“
Годинава кампот е во знак на симболично обединување на Вардар, Пирин, Егеј и Мала Преспа, велат организаторите.