Skip to main content
Јул 14, 2011

Поради исклучително високите температури што се очекуваат во државава, Владата на Република Македонија им препорача на работодавците во следните три дена да ги ослободат од работни обврски бремените жени и лицата постари од 60 години.


Апр 11, 2015

Математиката треба да се сака, да и се посвети време и труд, останатото доаѓа само. Ова се зборовите на охриѓанката Сања Симоновиќ, која е дел од македонската репрезентација за претстојните математички олимпијади, европската во Белорусија и светската во Тајланд. Таа досега има освоено безброј највисоки места на редовните, општинските, регионалните, државните натпревари. Најголема поддршка и е семејството. Но за патувањата на математичките олимпијади во странство на ова талентирана средношколка и е потребна помош од институциите.


Мај 29, 2010

Два автобуси со охридски регистарски таблички, кои превезувале ученици од Струга на екскурзија во Албанија, синоќа се судриле, при што биле повредени пет лица, меѓу кои и три ученици.


Апр 9, 2015

Охридските средношколци од трета и четврта година од гимназијата „Св Климент Охридски“ и од економското денес излегоа на протестен марш. Тие на Власта и порачаа, дека средношколскиот бојкот треба да се сфати сериозно и најавија дека ќе ја бојкотираaт наставата додека не им бидат исполнети барањата.


Јун 5, 2009

И покрај доминацијата на англиските тимови на европската сцена во последните неколку години, нивните долгови сепак се трупаат, па така Daily Telegraph објавува дека вкупниот долг изнесува повеќе од три милијарди фунти.


Јун 21, 2021

21-ви јуни се прославува како ден на Охридското езеро.


Апр 9, 2015

Велигденски хепенинг во ОУ „Христо Узунов“, Охрид. Шарени велигденски јајца, кошнички и ураси беа изложени на штандовите во училишниот хол, кои за нецели 10 минути беа распродадени. Завршија во рацете на родителите, бабите и дедовците и  наставниците.


Апр 9, 2015

Овој локален пат последно бил реконструиран во седумдесетите години од минатиот век, а вкупната должина на делницата изнесува околу 2 и пол километри.