Авг 23, 2024
Агенцијата за катастар на недвижности значително ќе ги намали цените на услугите
Во согласност со процедурите за измена на тарифникот, по добивање согласност од Управниот одбор, Владата на Република Македонија исто така треба да даде своја согласност. Се очекува сите потребни процедури да бидат завршени во најкраток можен рок, овозможувајќи граѓаните и правните субјекти да добиваат услуги по значително пониски цени.
Авг 23, 2024
По повод празникот Успение на Пресвета Богородица, Општина Охрид организира превоз до Скребатно
Тргнувањето е во 08:30ч. од пред седиштето на Шпаркасе Банка на булевар „Туристичка“ и од сред село во Лескоец. Враќањето за назад е во 16:30 ч.
Авг 23, 2024
свр охрид
Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведен дилер
За настанот бил запознаен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Авг 23, 2024
Струшки вечери на поезијата
Продолжува програмата на 63. издание на „Струшките вечери на поезијата“
Во рамки на настанот „Ноќ без интерпункција“, покрај поетските читања, ќе се одржи и поетско музички перформанс на Дино Имери и Тина Иванова, наречен „Дом“. Имери ќе настапи со дела на Бах, Бетовен и Шопен, но и неколку негови композиции, Иванова со нејзини текстови и со беседа од Џакомо Леопарди. Гостин на перформансот ќе биде италијанскиот поет и писател, Клаудио Поцани.
Авг 23, 2024
општина дебрца
Поставено јавно осветлување на патот од село Ботун до манастирската црква “Св.Богородица”
Средствата се обезбедени од Буџетот на општината Дебрца за 2024 година, а Црковниот одбор од село Ботун ги обезбеди столбовите/бандерите.
Авг 23, 2024
општина охрид
Во четврток ќе се одржи четириесет и четвртата седница на Советот на општина Охрид
Седницата ќе се одржи во петок 29.08.2024 во зградата на општина Охрид. со почеток во 09:00 часот.
Авг 23, 2024
Струшки вечери на поезијата
Свечено се отворија „Струшките вечери на поезијата“, „Т’га за југ“ за првпат прочитана од Брајово писмо
Чествувајќи ја 200-годишнината од кодифицирањето на Брајовото писмо, за првпат титуларната песна на „Струшките вечери на поезијата“, Константиновата “Т’га за југ“, беше прочитана од лицето со оштетен вид Беира Салифоска со помош на Брајовото писмо.
Авг 23, 2024
охридско лето
Поповиќ поднесе неотповиклива оставка од функцијата директор на НУ„Охридско лето“
Минатата година Поповиќ, како директорка на „Охридско лето“ беше избрана за жена на годината од областа на културата, во рамките на конференцијата „Жени претприемачки“ што се одржа по шести пат во Македонија.
Авг 23, 2024
ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски”
Денес ќе бидат доделени дипломите на матурантите од генерација 2023/2024 од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски”
Доделувањето на дипломите од генерација 2023/2024 од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” ќе се одржи денес, 23 август со почеток од 19:30 часот.