Во понеделник на „Парумба“
Ќе се уредува крајбрежјето од Воска до Даљан
Од Грашница до Воска ќе се градат хотели, хотелски комплекси и придружни објекти за туризам. Оваа најава доаѓа од градоначалникот Никола Бакрачески, после забелешките на граѓаните дека на северниот дел од Охридскотo крајбрежје Локалната самоуправа не посветува доволно внимание.
30 последователни победи на Ролан Гарос
Бранителот на трофејот Рафаел Надал постави нов рекорд во 30 последователни победи на Ролан Гарос.
Зголемен бројот на сообраќајни незгоди на подрачјето на Охрид
Продолжува трендот на несовесно возење со што се загрозува безбедноста на учесниците во сообраќајот, особено на пешаците.
Средношколци од ЕМУЦ ќе заминат на пракса во Измир
Средношколци од ЕМУЦ „Св Наум Охридски“, преку Еразмус плус програмата ќе заминат на пракса во Измир, Турција. Тие 14 дена ќе разменуваат искуства, ќе стекнуваат нови знаења и вештини од областа на мехатрониката. Градоначалникот Никола Бакрачески им порача добро да го претставуваат нашиот град и додаде дека нивното заминување за Измир претставува успех за охридското средно образование.
Отворени денови и во Охрид
Граѓаните прашуваа, а директорот на Агенцијата за вработување одговараше. Денес охриѓани имаа можност да се дел од отворените деновои кои ги организира Агенцијата и да се информираат за активните мерки за вработување. Покрај своите маки ги кажаа и своите идеи за подобрување на состојбата со невработеноста во државава.
И телевизорите на удар на Европската унија
Нови стандарди за енергетска ефикасност и за телевизорите
Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода на ул.„15 Корпус“
Станува збор за 71 годишен охриѓанец.