Охрид подготвен за „Давид“
Нема реална опасност од поплави во охридскиот регион поради најавеното невреме што треба да не зафати за време на викендов, велат од ЦУК. Сепак надлежните институции се во постојана координација и комуникација се со цел благовремено да преземат превентивни мерки за избегнување од евентуални несакани последици. И локалната е подготвена и навремено превзела повеќе превентивни мерки.
Најџел Kенеди на „Охридско лето“
Има ли опасност од излевање на Слатинското езеро
Има ли опасност од излевање на Слатинското езеро поради најавените обилни врнежи од дожд. Од Центарот за управување со кризи смируваат дека нема реална можност за тоа, но сепак будно ќе ја следат состојбата на терен.
Странските инвеститори чекаат
Регионалната депонија наместо да затвара стари рани отвора нови. Југозападниот регион сеуште на статус кво за доделување под концесија на регионалната депонија.
Блажески:Треба да платам казна за имот кој не е на мое име
Дејан Блажески претседателот на ЛДП од Охрид деновиве добил прекршочна казна во висина од 33 000 денари од Државната комисија за спречување на корупција за непријавен имот. Тој тврди дека неговиот имотен лист е празен, не поседувал недвижност, а нивата која според комисијата не ја пријавил, била на име на неговиот родител. Ова Блажески го смета како пресметка на власта со неистомислениците.
Барса во финалето на Лигата на шампиони
Во напнат натпревар, кој се до судиското надополнување во финалето го носеше Челзи, Барселона успеа да извлече реми и сега тие ќе го предизвикааат Манчестер Јунајтед во големото финале на ЛШ на 27 мај.
Скоро една деценија „Брег на младоста“ го шири акцијашкиот дух кај младите
Клубот годинава се поднови со простории што ќе им го олесни функционирањето. Брег на младоста брои 200 млади членови и околу 100 ветерани а од вчера нивен почесен член е и внукот на Тито, Јошка Броз.
На Охридското езеро од албанската страна се рушат хотели на македонската ќе се градат
На Охридското езеро сод албанска страна се рушат хотели на македонската ќе се градат.
Се уништуваат „Лежечките полицајци“ во Охрид
Поголем дел од успорувачите на брзина на територијата на општина Охрид се уништени. Тие се мета на вандалско однесување на несовесни поединци. Од Локалната прават напори истите да бидат санирани и апелираат да се престане со нивното уништување поради безбедност на сите учесници во сообраќајот.