Skip to main content
Јул 30, 2018

На 2 Август во Охрид ќе се одржи првата трка од Македонски Куп во далечинско пливање. Меморијалната  трка е наречена во чест на таткото на македонското маратонско пливање, охриѓанецот  Леко Радич. Истиот ден, по 39 -ти пат Пливачката школа Охридски бранови 2008 ќе го одржи и Илинденскиот пливачки маратон на 2 и пол  километри. 


Јул 4, 2018

По одбележувањето на празникот посветен на светителот Св.Наум, денеска уште од раните утрински часови екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ пристапија кон расчистување на туристичко-манастирскиот комплекс „Свети Наум„.


Дек 3, 2015

Со двочасовен предупредувачки прекин на работата ќе побараат итни измени во законот за судска служба. Протестот  започнува наутро, кога судските службеници ќе ги напуштат работните места и ќе излезат пред институциите. Синдикатот смета дека законот кој е на сила е недоречен, набрзина донесен и неприменлив на терен. Бараат намалување на високите казни, и измени во начинот на оценување на работата на службеникот.


Јул 27, 2018

Герила акција пред општина Охрид. Активисти од Охрид СОС и од Здружението Стар Лагадин поставија огромен банер на влезот во зградата со што советниците кои пристигнуваа на закажаната седница влегуваа низ отвор на банерот на кој пишуваше Мораториум. Активистите побараа итно спроведување на препораката на УНЕСКО за мораториум на градење на крајбрежјето се до донесување на целосна и соодветна планска документација за регионот во склад со неговите универзални вредности.


Ное 1, 2015

“За што зборувате, па боже, тоа е Monica Belluci!”


Јул 27, 2018

ТВМ најгледана телевизија според податоците на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. ТВМ бележи најголем процентуален удел во гледаноста споредено со сите регионални телевизии во државата.


Мај 21, 2014

Стабилно, сончево и топло време не очекува денеска. Дневните температури од денеска па во наредните денови полека почнуваат да растат, па до крајот на неделата ќе бидат измерени и температури повеќе од 30 степени.


Јул 27, 2018

Од Здружението „Стар Лагадин“ денеска пред општината го изразија својот револт затоа што на денешната седница не се најде на дневен ред нивното барање за поништување на општиот акт за село Лагадин со кој се доволува девастирање на овој дел од крајбрежејто и рушење на незаконската градба на хотелот во Лагадин. Градоначалникот порача немаме разидување со барањата на здружението. За хотелот во Лагадин кажа дека се чека конечната одлука на Министерството за транспорт и врски.