Skip to main content
Фев 28, 2011

Куќните совети, невладините организации, синдикалните организации и други слични здруженија на граѓани не се обврзани да плаќаат радиодифузна такса. Вака официјално се изјасни собраниската Законодавно-правна комисија, која по барање на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Катерина Димеска, го толкуваше членот од Законот за радиодифузната дејност кој пропишува дека правните лица се должни да ја плаќаат оваа јавна давачка.


Ное 29, 2014

Без храна, дрва за огрев, болјер, живее 4 членото семејство Хусоски од Охрид. Тие бараат покрив над главата бидејќи со минимална плата која месечно влегува во нивниот дом можат да го платат само наемот за стан и комуналните давачки. За живеачка им останувале само 500 денари како што кажа Ермина Хусоска, која во рацете го држеше своето едногодишно болно дете, за кое дополнително и требаат средства за лекување.


Мар 24, 2010

Под мотото „На потег против Туберкулозата! Преку иновативност до поефикасна акција“, – активистите на црвениот Крст од Охрид, на плоштадот Чинар, делеа едукативни материјали и даваа корисни совети за борбата со оваа болест.


Ное 28, 2014

Локалните самоуправи повеќе да излегуваат во пресрет на новинарите кога истите работат на некоја тема или истражувачка сторија. Граѓаните пак сметаат дека локалната не ги објавува во целост сите информации кои се од интерес за јавноста, а воедно не знаат и кој е портпарол на општините Охрид и Струга.


Апр 13, 2009

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев со голот во 2 минута го отвори резултатот на римското дерби и на крајот неговиот Лацио славеше победа од 4:2 против Рома.


Јун 3, 2021

Деновиве се врши исплата на правата од социјална, детска и цивилна заштита, информираат од Министерството за труд и социјална политика.


Ное 28, 2014

Екс градоначалникот на Охрид, заработи уште уште една кривична пријава. Таа се однесува на „злоупотреба на службена положба и овластување“со што пријавениот се терети дека во предизборниот период 2013 година незаконски вработил 165 лица.


Ное 28, 2014

Матурска без скапите фустани и одела. Класичното и од година во година се попомпезно славење оваа генерација матуранти од гимназијата Св. „Климент Охридски“ ќе го заменат со матурска екскурзија во Италија. Оваа идеја е на учениците а ја поддржуваат и најголем дел од родителите. За оние ученици кои финансиски не се во можност да одат на оваа матурска екскурзија ќе се бараат спонзорства.


Окт 20, 2014

Еве зошто одбил три милијарди долари