Охрид го чествува Денот на сесловенските просветител
Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј, Охрид го одбележа со низа настани и концерти.П ред споменикот на Светите браќа во градскиот парк беше положено свежо цвеќе, а беа доделени и наградите за најдобрите ученици од основните и средните училишта. Во Домот на култура во населбата Кошишта се одржа Панихида за Светите браќа Кирил и Методиј, а Градоначалникот Јован Стојаноски ја искористи приликата да ги открие плановите на Локалната за реконструкција на Домот.
Субвенционирано вработување за деца без родители
Невработените и работодавачите од приватниот сектор од денеска може да аплицираат на огласите за мерките субвенционирано вработување и субвенционирање за вработување деца без родители.
Јосимоска: Охридските хотели покажаа големо срце
Охридските хотели покажаа големо срце. Во рамки на групата бесплатно сместување во Македонија и превозници со големо срце, годинава зголемен е бројот на хотелиери кои понудија бесплатен одмор за ранливата категорија на граѓани од нашата земја.
Ќе се чистат фреските во црквата Св. Ѓорѓија
Годинава ќе се реализира проектот за конзервација на иконостасот на црквата Св. Ѓорѓија во Струга. Од Музеј „Др Никола Незлобински“, најавија дека се подготвува терен за реализација на овој значаен проекти и дека во јуни ќе се отпочне со негово спроведување.
Наскоро ќе следува реконструкција на дрвените скали на Античкиот театар
Наскоро ќе следува реконструкција на дрвените скали на Античкиот театар. Приодот до театaрот е затворен скоро 5 месеци од пред Новогодишните празници. Сега НУ Завод и музеј ќе ги поправа во соработка со градот.
Им вративме за се!
Од 17-ти до 24-ти септември ќе биде затворен дел од улицата „Кленоец“
Поради одржување на претстојната Меѓународна вежба NATO EADRCC (Евроатлански центар за координација на одговор при катастрофи), која ќе се реализира Охрид, во периодот од 20-ти до 25-ти септември 2021 година, ќе биде целосно затворена за сообраќај улицата „Кленоец“ во делот кој поминува низ Касарна и тоа во периодот од 17-ти до 24-ти септември.
Литургија за Духовден и свечена академија по повод 1000 години од основањето на Охридската Архиепископија
По повод празникот „Слегување на Светиот Дух – Духовден (Св.Троица) – Педесетница“, на 27-ми мај, недела, со почеток во 9.00 часот, во црквата „Света Троица“ (населба Црногорци), ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.