Skip to main content
Јул 24, 2024
општина охрид
Во последниот период, како дел од теренските активности, во повеќе наврати туристичките инспектори констатирале непочитување на Законот за туристичка дејност и нелиценцирани туристички водичи, кои водат групи на разглед во Охрид.

Јул 24, 2024
НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид
Од Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид велат дека разговарале и за реализација на проектите за катната гаража кај пазарот во Охрид, гимназијата и основното училиште Св. Климент во Охрид.

Јул 24, 2024
охридско лето
Доминик Вагнер има настапувано со реномирани оркестри и ансамбли како „Камерата Салцбург“, Симфонискиот оркестар на Баварското радио, оркестарот ВДР, Германската камерна филхармонија од Бремен, во концертни сали во Њујорк (Карнеги Хол), Берлин (Концертхаус), Виена (Музиквераин и Концертхаус), Минхен (Херкулес сала), Хамбург (Елб филхаронија). Соработува со Камерниот оркестар во Вуртемберг како млад уметник , а редовно настапува во САД каде одржува рецитали, камерни концерти и семинари.

Јул 24, 2024
свр охрид
Претставниците на надлежните субјекти,  упатија апел до граѓаните, посебно до земјоделците и другите лица кои работат или се движат на отворен простор, да не палат огнови, од кои лесно и брзо може да избувнат пожари од големи размери и да предизвикаат значителна имотна и материјална штета.

Јул 24, 2024
општина охрид
Целта на фестивалот е популаризација на водените спортови на Охридското Езеро и промоција на уникатните потенцијали со кои располага Охрид како најголем туристички центар во Република Македонија.

Јул 23, 2024
Хотелските и капацитетите на приватните станоиздавачи во Охрид солидно исполнети со гости уште од почетокот на јуни за што влијание имаа натпросечно високите температури. Оваа сезона на охридското крајбрежје ги надминува очекувањата и на локалното население и на туристичките работници. Шпицот на сезоната започна порано, а ќе кулминира за Илинденските празници.

Јул 23, 2024
Поради дефект на водоводната мрежа без вода ќе бидат жителите на сите споредни улици во три населби кои гравитираат кон ул „Гоце Делчев“.

Јул 22, 2024
општина охрид
Охридскиот тим го сочинуваа Александар Бакулески и Коста Трифуноски од ГФК „Охрид Лихнидос“ и лиценцираниот текбал судија, Фатмир Бафто. 

Јул 22, 2024
Сојуз на синдикати на Македонија
Вредноста на синдикалната минимална кошница за јули изнесува 60.570 денари и во споредба со јуни трошоците се зголемени за 245 денари.