Општина Охрид со две мерки за олеснување на состојбата на ранливите категории
Две значајни мерки за охридските семејства од социјално ранливите категории доаѓаат од охридската Локална Самоуправа. 90 бесплатни курсеви по англиски, германски јазик и информатика по 30 од секоја област за невработени лица и студенти од Охрид, како и 600 денари, субвенционирање на трошоци за комунални такси, за граѓаните кои се изложени на социјални ризици.
Балансиран испуст на езерото, за минимални штети
Нивото на водата во Охридското езеро највисоко во последниве 20 години. Тоа е за 20 сантиметри над максимално утврдената кота.
ОУ ,„Живко Чинго“ набави наставни нагледни средства со американска донација
ОУ ,„Живко Чинго“ набави наставни нагледни средства со американска донација.
Ленс Армстронг тешко повреден
Големи се шансите 37-годишниот американски велосипедист и седумкратен освојуваш на Тур де Франс, Ленс Армстрон да има фрактура на клучната коска во падот пред крајот на 20 километарската трка.
Скопјанка со секира нападнала охриѓанец
36 годишна жена од Скопје на 29-ти мај во Охрид со секира нападнала 52 годишен охриѓанец. Жената е приведена, а против неа ќе биде поднесена и соодветна пријава.
Огревното дрво најефтина варијанта за затоплување
Граѓаните интензивно се подготвуваат за престојната зима набавувајќи огревно дрво. Дрва има доволно, велат од Македонски шуми,а цената е иста како и минатата година.
Локалната доделува бесплатни курсеви по англиски, германски јазик и информатика за студенти и невработени
Општина Охрид за учебната 2014/2015 година ќе додели 30 бесплатни курсеви за англиски јазик, 30 бесплатни курсеви по германски јазик и исто толкав број бесплатни курсеви по информатика на невработени лица и студенти во општината кои живеат во семејства со ниски месечни примања или се социјални случаи.
И понатаму се сака да се реши мистеријата за исчезнатиот малезиски авион
Започната е нова фаза во трагањето на дното на Индискиот океан
Малолетник-рибокрадец со подводна пушка
Mалолетник од Охрид со недозволено средство за подводен риболов-подводна пушка вршел незаконит риболов на околу 20 метра од брегот наспроти угостителски објект на кеј „Македонија“.