Skip to main content
Сеп 21, 2014

80% од заразните болести се шират од рацете


Авг 28, 2014

Се пролонгира најавенаат изградба на ботаничката градина на ФТУ. Реализацијата на проектот доцни од административни причини, вели деканот. Ботаничката градина е дел од проектот во кој учествуваат четири партнери, Општина Охрид, Општина Воден, ФТУ од Охрид и ФТУ од Солун па  заедничкиот технички секретарјат е во фаза на ревизија на сите проекти и нивните буџети, објаснува тој.


Авг 27, 2014

За социјалните проблеми не треба да се молчи туку отворено да се разговара за нив. Треба да се надмине стравот од стиматизација и да се побара помош, сметаат мештаните на туристичката населба Пештани. Продолжува проектот на Министерството за труд и социјална политика, „Отворени социјални денови“ во руралните средини во периодот од септември до ноември годинава.


Авг 18, 2011

Без иронија мудроста вели дека жената е најубавото, најнежното, најскапоценото нешто што му се случило на човештвото.


Авг 27, 2014

Се ситнат деновите до почетокот на новата учебна година. Децата, пред се  првачињата се возбудени, но нивните родители се загрижени. Тие од својот буџет ќе треба да издвојат околу 3000 денари за да го опремат своето прваче со школски прибор и со ранец.


Ное 16, 2010

Целта на маршот е испраќање апел за политичка толеранција и намалување на говорот на омраза на политичката сцена.


Авг 27, 2014

Во сабота сите на охридска софра во Скребатно. Покрај ѓомлезе ќе можат да се вкусат и други охридски специјалитети. И екипата на „Вкусови на традицијата“ емисијата посветена на традиционалните јадења заедно со нејзиниот водител Адријана Алачки ќе се дел од овогодинешната манифестација.


Јан 26, 2010

Од локалната самоуправа се правдаат дека во најбрз можен рок ќе се надмине проблемот, но со сигурност незнаат кога. Клучот лежи во мерните коли на ЕВН.


Авг 26, 2014

Огромен интерес во Охрид за Владиниот проект за отпишување на долгови. Освен долгите редици досега нема посериозни проблеми, информираат од Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа Охрид. Секој ден во одделението  за детска заштита при центарот се доставуваат по 50 барања за отпишување на долгови.