Skip to main content
Јул 29, 2024
Од ЈП Охридски Комуналец упатуваат апел до сите граѓани да се грижат за нашата околина и ѓубрето да го депонираат во соодветните канти.

Јул 29, 2024
Од ЈП ВОДОВОД Охрид информираат и дека  започната е  акција  за исклучување на бесправни  приклучоци, во присуство на комунален инспекторат  при  Општина Охрид .

Јул 29, 2024
Кривична за поранешниот министер Бектеши, ден пред изборите упатувал пораки и вршел притисок  врз  началникот  во охридската полиција. Министерството за внатрешни работи поднело кривична пријава  за сторено кривично дело „попречување на правдата”. За Бектеши ова е почитички прогон, а за неговата партија ДУИ ова е лов на политички вештерки.

Јул 29, 2024
„Вкуси го Охрид локално“ по трет пат ја збогати туристичката сезона со презентација на локална традиционална гастрономска понуда. Целта на настанот е промоција на бавна храна наспроти трендот на брза неквалитетна храна. Туристите кои моментално одмараат на брегот на езерото но и охриѓани имаа можност да вкусат специјалитети карактеристични за овој регион се запознаат со бројните локални производи.

Јул 29, 2024
охридско лето
Претставата испреплете приказни за две семејства. Во едното, Лир го дели своето кралство меѓу двете ќерки кои му ласкаат а ја прогонуваат најмладата ќерка која искрено го сака. Во другата приказна, војводата од Глостер му верува на синот кој е предавник но се сомнева во неговата лојалност. Приказните на крајот се спојуваат во една со премногу болка.

Јул 29, 2024
ЛОИ ПАРИЗ
Таа се пласираше на 31.вото место од вкупно 43 натпреварувачки со резултат од 625,3 кругови.

Јул 29, 2024
Заедницата има многу лица
За знаењето и вештините кои Кате ги стекнала низ формалното и неформалното образование и 20 години во имплементирање проекти , вели дека во овој град, за жал, нема можности добро да заработува за живот. Таа менува многу работи, а во моментов заработува како туристички водич.

Јул 29, 2024
Ј.П.,,Охридски Комуналец”
Опожарениот дел се покрива со повеќе слоеви земја кои во континуиран период од настанување на жариштето се транспортираат и нанесуваат во депонијата.

Јул 28, 2024
охридско лето
Шекспир е поставуван од неброени театарски компании, со илјадници верзии, но неговите дела секогаш се актуелни, му пркосат на времето со своите пораки, идеи, толкувања на човечката природа.