Skip to main content
Дек 10, 2010

Македонското вино во Европа може да се продава како македонско само ако доаѓа од соседна Грција.


Сеп 25, 2014

Станоиздавачите денес протестираа пред општинската зграда изреволтирани од предлог измените на Законот за угостителска дејност кои ги предложи ХОТАМ, а со кои не им се дозволува да издаваат станови, соби или апартмани во колективни стамбени згради. На протестот не се најде ниту еден кој ќе излезе пред камера и јавно ќе каже што го мачи. Тие одкога остварија средба со Раководителот на ТЛЕР кој им кажа дека во целост ги подржуваат се разотидоа.


Фев 16, 2010

Охриѓани се повеќе во друштво на домашните миленици. Се грижат за запазување на редовните посети на ветеринар, но не го почитуваат Законот за благосостојба на животните.


Сеп 25, 2014

Општина Охрид сеуште не добила дел од касарната.


Мар 16, 2009

Првпат во својата историја кошаркарите на Амак СП успеаја да го освојат Купот на Македонија.


Мај 27, 2021

ЈП „Билјанини Извори“ ја известува јавноста дека од денеска 26.05.2021 година до 04.06.2021 година, ќе се пристапи кон правно регулирање на закупот на паркинг место „Горна Порта“ со кое претпријатието стопанисува согласно одлука на Советот на општина Охрид.


Сеп 25, 2014

Старите, автетнични песни, со навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови, по дваесет и шести пат пред публиката.


Сеп 29, 2014

Еден од најголемите проблеми на корисниците на смартфони е времетраењето на батеријата


Сеп 25, 2014

Од  СДСМ обвинуваат дека дел од вработените во општина Охрид незаконски, непрофесионално и сосема непотребно веќе 9 месеци се преместени да работат во село Косел. Од таму велат дека ветувањaтa дадени пред неколку месеци од страна на градоначалникот дека целата општинска администрација ќе се ротира и по неколку месеци ќе работи во Косел се само празни ветувања.

Општинската организација на СДСМ денес одржа прес конференција во врска со вработените во општина Охрид кои според нив незаконски, непрофесионално и сосема непотребно веќе 9 месеци се преместени да работат во село Косел. Од  СДСМ обвинуваат дека таму нема никакви услови за работа, ниту пак луѓето имаат контретни работни задачи, а за патувањето до новото работно место во Косел, не им биле покриени ни патни трошоци.кузески

Поради ваквото поигрување од општинската власт и градоначалникот Никола Бакрачески, овие вработени секојдневно трпат малтретирања и понижувања од страна на општинската администрација. Од општина Охрид во Косел се префрлени стручни работници, од одделението за соработка со меѓународни организации, одделението за збратимени градови, екологија и неколку возачи, вели Александар Кузески-портпаролот на ОО на СДСМ.sdsm

Оправдувањата од градоначалникот Бакрачески и власта на ВМРО-ДПМНЕ за префрлувањата на административците во Косел поради наводни средби со граѓани, за општинската СДСМ се смешни и неоправдани бидејќи до сега не била одржана ниту една таква средба, тврдат од таму. Тие го обвинуваат градоначалникот дека ветувањaтa дадени пред неколку месеци дека целата општинска администрација ќе сев ротира и по неколку месеци ќе работи во Косел се само празни ветувања.

Факт е дека од почетокот до денес нема ротација на вработените, очигледно тие што се пуштени во Косел се со некоја намера. Овој проект е тотално неуспешен, вели Кузески.

Кузески го пренесе апелот на СДСМ до власта на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот веднаш да прекинат да ги малтретираат општинските работници во општина Охрид.

{loadposition content9}