Јул 25, 2024
општина охрид
Второто издание на Ohrid Water Festival со богата социјално-едукативна програма
Во рамки на второто издание на големата промотивно спортска манифестација Ohrid Water Festival како пропратен дел на спортските настани, предвидена е и богата социјално-едукативна програма која вклучува низа интересни и забавни содржини кои ќе го привлечат вниманието на публиката.
Јул 25, 2024
Маслов: Вложуваме натчовечки напори за справување со големите количини отпад
Огромни количини лименки, амбалажа од храна и пијалоци, пластика се расфрлани по улиците, тревните површини околу угостителските објекти и на локации каде има музички настани. Оперативните служби на „Охридски комуналец“ постојано се на терен. Апелираат граѓаните и туристите да бидат посовесни.
Јул 25, 2024
свр охрид
Уапсено лице поради кражба на компјутер во сместувачки објект во Охрид
Компјутерот е одземен и предаден на сопственикот, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Јул 25, 2024
општина охрид
Работен состанок за презентација на можностите за поддршка на ГРК „ОХРИД“
Градоначалникот Пецаков во името на ракометниот клуб, упати благодарност до сите охридски фирми кои до сега застанале зад клубот и се негови верни соработници, со надеж дека нивниот позитивен пример ќе послужи како мотив за останатите претставници на бизнис заедницата да покажат добра воља и во рамките на своите можности да ја дадат својата поддршка.
Јул 25, 2024
Охридско лето
Шпанска вечер на „Охридско лето“ со тенорот Акилес Мачадо и пијанистот Наунов
Концертот на тенорот Акилес Мачадо во пијано придружба на Андреја Наунов ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.
Јул 25, 2024
општина дебрца
Одржан состанок за заштита од пожари на територија на општина Дебрца
Од страна на претставници на СВР Охрид присутните беа известени за формирање на мобилни тимови составени од надлежни служби кои, ќе вршат патрола на територија на општина Дебрца за избегнување на пожар на отворен простор.
Јул 25, 2024
општина охрид
Детски хепенинг на плоштадот „Вангел Наумовски“
Гостин на настанот ќе биде Весна Константинова, авторка на книгата „Рисот Ристе“ која преку интеракција со публиката ќе ја раскаже приказната за овој цртан лик. Децата ќе имаат можност да ги бојат илустрациите на животните кои се застапени во истоимената едиција.
Јул 25, 2024
грк охрид
ГРК Охрид ги започна подготовките за новата ракометна сезона
Екипата подготовките комплетно ќе ги реализира во Охрид каде од 20 до 24 август ќе биде домаќин на силниот меѓународен турнир „Крсте Андоновски“.
Јул 25, 2024
Заштитата на културното наследство во Охридскиот регион
На состанокот беше разгледана и идејата да се покрене иницијатива за измена на Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион, како и за усогласување на Законот за заштита на културното наследство и Законот за градење.