Skip to main content
Дек 12, 2012

Охрид окован во мраз

Охриѓани и денес мака мачат поради снегот кој заврна вчера. Лизгавите коловози и тротоарите како подиум за уметничко лизгање се вистински предизвик. Надвор излегува само оној што мора. Граѓаните бараат од службите посериозно да се зафатат со работа. Од таму пак тврдат дека се анагажираат максимално.


Дек 11, 2012

Врвен офталмолог од Србија престојува во Охрид

Деновиве во охридското офталмолошко одделение, на пероналот, своите искуства ги пренесува д-р Светислав Миленковиќ, истакнат професор на катедрата на медицинскиот факултет во Белград и началник на Клинички офталмолошки центар во Србија.


Дек 11, 2012

Секнаа средствата од ЕУ за партнерство со соседна Албанија

За невладините организации, јавните претпријатија, факултетите и  општините секнаа парите за партнерство со соседна Албанија.


Дек 11, 2012

Охридските спасувачи на планина немаат опрема

Охридските спасувачи на планина немаат опрема за да ги спроведуваат своите акции. Тие бараат институциите посериозно да се позанимаваат со овој проблем бидејќи зимата штотуку започна, а предизвиците допрва доаѓаат.


Дек 11, 2012

Повеќе снег, повеќе работа

Поголемата количина снег кој наврна утринава, ги крена на нозе надлежните служби.


Дек 10, 2012

Охрид ќе блесне за Нова Година

Деновиве интензивно се украсуваат улиците, парковите, во и вон централното подрачје.


Дек 10, 2012

Петрески: „Патиштата кон Охрид никој не ги чисти“

Градоначалникот јавно го искажа незадоволството од работата на ЈП Македонија пат.


Дек 10, 2012

„Градоначалникот Којчиноски недомаќински работи“, обвинува ОК на Вмро Дпмне од Дебрца

Од ОК на Вмро Дпмне од Дебрца се упатуваат  критики за несовесно и недомаќинско работење во изминативе години на градоначалникот на Општина Дебрца,  Љупчо Којчиноски.


Дек 8, 2012

Време е за зимски одмор

Туристичката Агенција „Елида- Турс“ ви нуди неколку хотелски капацитети, по цени достапни за сите. Да бидете гостин на хотелите и апартманите од групацијата „Bugariа Holiday“, не е луксуз, туку места кои ќе ве воодушеват и ќе ве натераат повторно да ги посетите.