Сеп 11, 2024
Се подготвува есенска, предновогодишна и пролетна кошничка со основни производи со пониски цени
Повеќе од 100 прехранбени производи кои најмногу ги употребуваат граѓените ќе се продаваат по пониска цена. Се прават анализи за воведување есенска потрошувачка кошничка, а премиерот денеска најави дека ќе има и предновогодишно и пролетно намалување на цени на основни продукти. Во однос на Законот за нефер трговски практики, пак, напомена дека Владата ќе му излезе пресрет на стопанството доколку тоа побара одреден период за прилагодување.
Сеп 11, 2024
СВР Охрид
Граѓаните, кои до 23 август поднеле барања за нови лични документи, истите можат да ги подигнат
Новите лични документи можат да ги подигнат во просториите на Одделението во Охрид, Струга, Кичево и Дебар. Во Охрид, тоа можат да го направат секој работен ден од 07.30 до 18 часот додека во другите градови до 16 часот.
Сеп 11, 2024
Црвен крст Охрид организира обука за негователи на стари лица
Конкурсот за пријавување на кандидати за обука на негувател/ка за помош и нега на стари лица ќе биде отворен до 25 септември.
Сеп 11, 2024
Државен завод за статистика
Во Охрид во јули издадени 15 одобренија за градење
Предвидена е изградба на 161 стан со вкупна корисна површина од 9 891 м2.
Сеп 11, 2024
Пријавете екипа на 7-мо Ноемвриски турнир во мал фудбал “OHRID FREED”
Турнирот ќе се организира во спортската сала “Билјанини Извори”. Сите заинтересирани компании треба да состават своја екипа од максимум 10 играчи и да ја пријават во дирекција на JП “Билјанини Извори” најдоцна до 19.09.2024 година.
Сеп 11, 2024
Се работи на извештајот за штетите предизвикани од пожарот во НП Галичица
Се уште нема официјален извештај колкави се материјалните штети од пожарите во НП Галичица. Но, според еколозите штетите врз животната средина се далекусежни. Потребна е сериозна подготвовка за справување со климатските промени, поголема грижа од страна на државата за заштита на шумите, како и почесто пошумување.
Сеп 11, 2024
Билјана Стефаноска нов директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот
Досегашната в.д. директорка м-р Јасмина Лескаровска ја запозна директорката Стефаноска со предизвиците, актуелните состојби и планираните активности во периодот што следува.
Сеп 11, 2024
Православен календар
Отсекување на главата на Св. Јован Крстител
Денот на отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител меѓу народот се смета за голем празник кога не се работи, а овој ден е и строг пост.
Сеп 10, 2024
Заедницата има многу лица
Младиот Павел Илијовски сака својот сон да го оствари во Охрид
Павел Илијовски е ученик во РЦСОО “Ванчо Питошески” – Охрид на насоката Готварство. На само 18 години веќе има отворено свој угостителски објект во којшто работи со својот поголем брат.