Skip to main content
Сеп 24, 2012

Жените од ДПМНЕ од Охрид и Дебрца со осврт кон сработеното

На нивното годишно собрание се потсетија на сите реализирани активности во текот на изминатата година. Велат дека во иднина продолжуваат со исто темпо.


Сеп 22, 2012

Градоначалникот Петрески и пратеникот Велјановски на тема туризам

Сега на крај од туристичката сезона се кршат копја околу тоа кој е крив поради слабата сезона. Петрески како и секогаш вели дека нивниот ангажман во туризмот е беспрекорен а условите кои ги дале на туристичките работници се пример и за останатите туристички места како треба да работат.


Сеп 22, 2012

Битисувањето на охридските пензионери преточено во монографија

Пензионерите од Охрид и Дебрца заедно со нивните пријатели од збратимените градови го одбележаа Денот на пензионерите.


Сеп 22, 2012

Консултативна средба на ВМРО- ДПМНЕ

На охридскиот совет му престојат жешки теми. Тоа ќе го наметнат советниците на ВМРО – ДПМНЕ од Охрид, во интерес на јавното добро на сите граѓани на општината, а не само на поединци и групи, најавија од ОК на ВМРО-ДПМНЕ


Сеп 22, 2012

Жената во центарот на вниманието на годинешниот „Ден на срцето“

Се мереше крвен притисок, а се правеше и бесплатно ЕКГ, целта-да се зголеми свеста кај граѓаните за полезноста од превентивното делување и здравиот живот.


Сеп 21, 2012

Ќе биде ли Путин кум на „Водици 2013“ ?

Богојавление за кум на најголемата верска манифестација во земјава го посакува претседателот на Русија, Владимир Путин.


Сеп 21, 2012

Охридските ветерани маршираа за мир

Претставници на Сојузот на борците од Охрид и Дебрца, заедно со претставниците на Локалната самоуправа од Охрид и други истакнати преставници на општествениот и политичкиот живот од градов, со симболичен марш го одбележаа  21 септември Светскиот Ден на мирот.


Сеп 21, 2012

Исфрлени на улица

Мајка со три деца, исфрлена на улица.  Ако минувате по ул. Карпош Војвода сигурно ќе ја забележите, Медие Далип од Охрид која со нејзините деца по цел ден е на детското игралиште. Доцна во ноќта се прибираат во подрумите на социјалната зграда која е во непосредна близина, каде и преспиваат.


Сеп 21, 2012

Годишно собрание на Унијата на жени од ДПМНЕ-Охрид

Тие ќе се осврнат на активностите кои ги спроведувале во текот на изминатата година, но и на идните планови.