Кој прв ќе го изгради новиот градски пазар?
„СДСМ и градоначалникот Петрески два пати излажаа дека ќе направат нов пазар.“-велат од ВМРО-ДПМНЕ.
7 000 полицајци за мирни избори
Околу 7000 полициски службеници ќе го одржуваат јавниот ред и мир на денот на изборите на 13 април информираат од Mинистерството за внатрешни работи.
Протест во Ј.П. „Нискоградба“
Вработените бараат да им се исплатат неколкуте заостанати плати и придонеси.
Од Здружението „Совест“ предлагаат да се спроведе референдум
Од Здружението „Совест“ предлагаат да се спроведе референдум на кој ќе се утврди јавното мислење на охриѓани за изградба на минаре високо 32 метри на Али- пашината џамија. Од Управата за заштита на културното наследство тврдат дека референдумот е сосема несоодветен начин при вакви ситуации и дека оваа форма на изразување на вољата на народот е повеќе политичка и може да се злоупотреби
Локалната должи пари за училишниот превоз
Локалната самоуправа должи пари за транспортната услуга на училишниот превоз.
Агенцијата за поддршка и развој на туризам седи на два стола
Неизвесна судбината на поранешната струшка канцеларија на Агенција за поддршка и развој на туризмот.
Два пожари за два дена
По вчерашниот пожар кој избувна во близина на селото Лакочереј, во месноста наречена „Дебело Поле“, денес уште еден, во близина на селото Велгошти.
Охридските гимназијалци и основци се обоија во боите на реткоста
Под мотото „Покажи ја својата реткост, покажи дека се грижиш“ лицата со ретки болести повикуваат на поддршка. Годинава Светскиот ден на ретките болести 28 февруари, се одбележува со повеќе активности, за чија што организација е одговорна нашата сограѓанка Гордана Лолеска, активист на здружението „Живот со предизвици“. Социјалните мрежи деновиве се обоени со постови на лица кои ги ставија боите на ретки болести, а кон акцијата се приклучија голем број основци, средношколци, граѓани и институции од градов.