Јун 19, 2024
По 23-ти пат натпреварот „Охридски бисери“ во Охрид донесе млади музички таленти од цел свет
Во катедралната црква Св Софија деновиве се одржува меѓународниот натпревар за млади музичари Охридски бисери. Овој натпревар со својот програмски концепт и строгата селекција на учесници е високо рангиран и препознатлив во Европа и светот. Сите љубители на класичната музика, вечерва на завршниот концерт ќе можат да уживаат во изведбите на најдобрите во дисциплините пијано, виолина и камерна музика.
Јун 18, 2024
Сопружници од Ресен загинаа на Галичица, четири и пол часа траела операцијата на ПСС за извлекување на телата
Четири и пол часа траела операцијата на Планинарската спасителна служба за извлекување на беживотните тела на сопружниците од Ресен кои со своето возило излетале од патот Охрид-Отешево преку Галичица во провалија длабока 150 метри.
Јун 18, 2024
Од утре жолто и портокалово ниво за опасност од високи температури
Поради натамошен пораст на температурите од четврток низ цела Македонија ќе биде активно портокалово ниво
Јун 18, 2024
Охридскиот Архив презеде документација од веслачки клуб „ЈУГ“ која датира од 1932 година
Фондот оди на архвска обработка по што ќе биде достапен за истражување.
Јун 18, 2024
Перчо Божиновски е нов Претседател на Совет на Општина Охрид
На денешната седница на Совет беше верификуван мандатот на новиот советник кој доаѓа на местото на Божиновски во советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Александар Здравевски. Советот го констатира и претстанокот на мандатот во Советот на досегашниот претседател, Сашо Донев кој стана пратеник во Собранието на Македонија.
Јун 18, 2024
Почина Стојан Андов – првиот Претседател на Собранието на независна Македонија
Во неколку наврати ја извршуваше функцијата претседател на законодавниот дом, беше пратеник, а во 1999 година се кандидираше и за претседател на државата.
Јун 18, 2024
Уметничките дела на Танко Саревски и Ирена Заневска ги воодушевуваат туристите во Охрид
Сликарството е уметност и занает , кое бара талент, креативност и истрајност. Уметничките дела на Танко Саревски и Ирена Заневска ги воодушевуваат туристите во Охрид. Во колоритното катче, галеријата во стариот дел на Охрид впечатливи се најразлични стилови апстрактна уметност но и безвременските мотиви од Охрид.
Јун 18, 2024
Охриѓанката Анастасија Мојсовска е вториот македонски претставник на ЛОИ Париз 2024
Охриѓанката Анастасија Мојсовска од спортско стрелаштво е вториот потврден учесник од Република Македонија на Летните Олимписки игри во кои ќе се одржат од 26ти јули до 11ти август Париз.
Јун 18, 2024
Електронско аплицирање за упис во средните училишта
Пријавувањето на учениците ќе се врши преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.