Брошурата „Инвестирајте во Охрид„ со низа технички грешки
Во брошурата „Инвестирајте во Охрид„ можат да се воочат голем број недостатоци пред се од технички карактер како и нелекторирани делови. Од ТЛЕР велат кој работи тој и греши
Почина Лиз Тејлор – најубавата Клеопатра
Решен проблемот во подрачното училиште во село Рача
Проблемот со недостиг на одделенски наставник во подрачното училиште “Григор Прличев“ во село Рача е надминат и решен согласно сите законски прописи и норми.
Екстерните оценки – виза за факултет
Во свидетелствата на учениците ќе се впишуваат резултатите од екстерното тестирање, кое од следната учебна година ќе се спроведува во сите основни и средни училишта. Ова е дел од измените што се воведени во Законот за основно и средно образование, што вчера ги соопшти ресорниот министер Никола Тодоров.
И Охрид за брзо ќе мигрира во електронскиот катастар
Според директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпески, дигитализацијата ќе придонесе за скратување на рокот за запишување на правата на недвижностите, ќе овозможи издавање копија од катастарски планови на шалтер исто како имотни листови, како и дефинирање на стандарди за изготвување на дигитални геодетски елаборати, олеснет пристап до дигиталните катастарски планови на ниво на целата држава.
Се узурпира секоја слободна површина
Узурпиран просторот пред Центар за култура и училиштето Браќа Миладиновци во Струга.
ОУ “Григор Прличев” го одбележа патронатот
ОУ “Григор Прличев” со низа активности, меѓу кои и синоќешната свечена приредба, го одбележа патрониот празник во слава на преродбеникот и поетот од крајот на 19-ти век Григор Прличев.
Македонија – Црна Гора 1:2
Фудбалската репрезентација на Македонија синоќа загуби од репрезентацијата на Црна Гора со 2:1. За Црна Гора головите ги постигнаа Џудовиќ во 24 минута и Јоветиќ од пенал во 33 минута, додека за Македонија голот го постигна Горан Попов во 85 минута.
Специјализираната болница за нефрологија Струга се поднови со медицинска апаратура
Се модернизира Специјалната болница за нефрологија Струга. Болницата е опремена со нов дигитален рентген апарат и апарат за молекуларна дијагностика за брзо дијагностицирање на вирусни и бактериски заболувања. Годинава болницата ќе започне со правење на бубрежни биопсии. Единствениот предизвик им е воведување трансплантација.