Skip to main content
Апр 1, 2021

Од Центарот за јавно здравје се забранува за пиење и користење водата од селските водоводи во селата Климештани, Требеништа и Мешеишта. Јавното комунално  претпријатие Дебрца кое стопанисува со водоводот во Требеништа ја хлорирало  водата, а не се надлежни за другите два  селски водоводи бидејќи со нив стопанисуваат месните заедници. 


Дек 25, 2013

Такси превозниците добија намалување на цената за добивање лиценца, опозицијата не ги доби на дневен ред двете точки од урбанизмот кои ги бара неколку седници нанзад, а советниците од ВМРО ДПМНЕ во своите редови добија старо нов советник. На денешната седница на совет, 16 та по ред во дискусиите се најде и најновата атракција во Охрид, монтажното лизгалиште на плоштадот.


Јул 9, 2014

Пазарот на скапите модели се заситува


Дек 25, 2013

Дечињата од градинката Јасна Ристеска денес се засладија со колачињата од фирмата Вија Пром. Директорката го поздрави ваквиот гест и ги охрабри и останатите фирми кои се во можност да ги израдуваат најмладите.


Дек 25, 2013

Тие на дечињата им подарија триесетина новогодишни пакетчиња и ветија дека оваа активност ќе продолжи во текот на целиот празничен период.


Фев 28, 2011

Со четирите најважни награди на вечерта (најдобар филм, режисер, главна машка улога, сценарио) британскиот филм The King’s Speech е најголемиот победник на годишнашните Оскари. За најдобра женска главна улога беше прогласен ликот на Натали Портман во Black Swan.


Дек 24, 2013

„Биди и ти вистински василичар“, е годинашниот слоган за престојниот вевчански карневал, манифестација стара околу 1450 години, која секоја година се одржува за Стара Нова година и празникот Василица. Од општина Вевчани најавија низа новини во поглед на организација и можност не само вевчанци туку и гостите доколку сакаат да бидат дел од поворката под маски.


Мар 6, 2010

Македонската влада денеска ќе ги објави новите антикризни мерки. Според вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски,
дел од новите мерки ќе бидат донесени на барање на бизнис заедницата, а дел на иницијатива на надлежите министерства.


Дек 24, 2013

Oхриѓани го сефтосаа монтажното лизгалиште на градскиот плоштад. Тие задоволни од оваа нова содржина која престојните празници ќе ги направи уште поубави.