Јун 18, 2024
Уметничките дела на Танко Саревски и Ирена Заневска ги воодушевуваат туристите во Охрид
Сликарството е уметност и занает , кое бара талент, креативност и истрајност. Уметничките дела на Танко Саревски и Ирена Заневска ги воодушевуваат туристите во Охрид. Во колоритното катче, галеријата во стариот дел на Охрид впечатливи се најразлични стилови апстрактна уметност но и безвременските мотиви од Охрид.
Јун 18, 2024
Охриѓанката Анастасија Мојсовска е вториот македонски претставник на ЛОИ Париз 2024
Охриѓанката Анастасија Мојсовска од спортско стрелаштво е вториот потврден учесник од Република Македонија на Летните Олимписки игри во кои ќе се одржат од 26ти јули до 11ти август Париз.
Јун 18, 2024
Електронско аплицирање за упис во средните училишта
Пријавувањето на учениците ќе се врши преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.
Јун 18, 2024
Ј.П.„Охридски Kомуналец”
Во четврток акција за подигнување кабаст отпад од населбата Видобишта
Кабастиот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или други пристапни места предвидени за подигнување комунален отпад.
Јун 17, 2024
Амбасадорката Агелер на средба со надлежните институции за заштита на природното и културното наследство во Охрид
Целта на посетата е да се помогне за надминување на предизвиците во зачувувањето на светското богатсво заштитено од Унеско. Според неа има напредок во заштитата, а САД се подготвени за поддршка.
Јун 17, 2024
„Нина шоп“ – од спонтана идеа до семеен бизнис
„Нина шоп“ е новоотворена продавница во Охрид, лоцирана на улицата „Даме Груев“, која нуди производи од програма „дом и декор„.
Јун 17, 2024
Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги
Oд полноќ поскапуваат бензините и дизелот
Трендот на зголемување на цените на горивата продолжува. Бензините поскапуваат за денар, а дизелот за половина денар.
Јун 17, 2024
И годинава дел од плажите на охридското крајбрежје ќе бидат без спасители на вода
Само триесет проценти од вкупниот број капалишта на охридското крајбрежје ова лето ќе имаат спасители на вода. Тоа се дел од плажите пред хотелско угостителски објекти. Плажите на кои несовесни концесионери нема да ангажираат спасители и оние кои немаат концесионери Црвен Крст Охрид прави напори да ги обезбедува со патролни тимови, но на нив треба да се постават табли дека граѓаните се капат на своја одговорност.
Јун 17, 2024
Петок е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
Петок 21 јуни, ден пред празникот Духовден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.
