Дек 7, 2025
православен календар
Светата великомаченичка Екатерина
Православен календар: Спомен на Светата великомаченичка Екатерина.
Дек 6, 2025
Утре ќе се одржи 5. хуманитарен планинарски марш во спомен на Трајан Целески-Тачо
Утре ќе се одржи 5. хуманитарно-меморијален планинарски марш „Трајан Целески-Тачо“.
Дек 6, 2025
ВМРО-ДПМНЕ
Мицкоски доби трет мандат за лидер на ВМРО-ДПМНЕ
Актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски доби трет мандат од делегатите на 18. партиски конгрес да ја води партијата во наредните четири години што, според статутот на партијата, ќе биде негов последен мандат.
Дек 6, 2025
ЈП Градски Пазар Охрид
Оглас за издавање новогодишни и божиќни тезги на плоштад „Крушевска Република“
Заинтересираните лица можат да се пријават најдоцна до 10.12.2025 година во административните простории на ЈП „Градски Пазар“ Охрид.
Дек 6, 2025
УХМР
Облачно и врнежливо
Во Охрид денес минималните температури од 7, а максималните до 10 степени Целзиусови.
Дек 5, 2025
ЈЗУ Општа болница Охрид
Хуманоста на дело: ВИС Билјана, Брајтм и Виктор донираа 180.000 денари на одделението за педијатрија
ЈЗУ Општа болница Охрид: Од срце им благодариме на сите кои донираа, донираните средства директно ќе влијаат на унапредување на здравствената грижа, дијагноза и третман на најмалите пациенти.
Дек 5, 2025
општина охрид
Промовирано проширеното издание на „Охридски летопис“ од авторите проф. д-р Павле Митрески и м-р Димитар Смилески
Во рамките на чествувањата на Св. Климент Охридски, денес во големата сала на Општина Охрид, беше промовирана заокружената целина на книгата „Охридски летопис“ од авторите проф. д-р Павле Митрески и м-р Димитар Смилески.
Дек 5, 2025
Под мотото „Присутни секогаш во нашите заедници“, Црвен Крст Охрид денеска го одбележа Светскиот ден на волонтерството
На пригодна свеченост беа доделени признанија на заслужни волонтери и крводарители во знак на благодарност за благороден и несебичен ангажман во подобрување на животот во заедницата и помош на најранливите категории граѓани.
Дек 5, 2025
Отворена изложбата „Прстенот – симбол на завет, статус, моќ – од етнолошката ризница на охридскиот музеј“
Прстенот, мистичниот круг на кој му се припишува магиска моќ со сите свои симболики, функции и раскош е претставен на изложба која денеска беше отворена во Куќата на Робевци. НУ Завод и Музеј Охрид ја отвора својата богата етнолошка збирка и пред јавноста презентира врвни изработки на мајсторите кујунџии од Охрид, Струга и Дебар. Автор на концепција на изложбата и на каталогот е Оливера Мишева, виш кустос етнолог во Завод и Музеј – Охрид. Изложбата насловена „Прстенот – симбол на завет, статус, моќ – од етнолошката ризница на охридскиот музеј“ е по повод Свети Климент Охридски, патронот на градот.